Реализирани проекти
Вози право, вози здраво
Проектот #ВозиПравоВозиЗдраво започна во 2015та година кога Банката за првпат организираше ревијална трка на велосипеди, тротинети, ролерки и бебе колички низ празните сообраќајници во Скопје.
На крај на трката Банката организираше и забава во градскиот парк која беше проследена и со голема и вредна лотарија.
Кампањата и пораките за промоција на велосипедизмот кои претходеа и следеа по настанот, видеата, фотографиите и бројните споделувања на социјални мрежи го постигнаа својот ефект па настаните продолжија да се одвиваат секоја година со исклучок на 2020та и 2021та година поради пандемијата со корона вирусот.
Како општествено одговорна компанија, Стопанска банка АД - Скопје покрај континуираната кампања и годишните настани за Град Скопје донираше: првиот детски велодром во Паркот Македонија, потоа 14 станици за поправка на велосипеди, 300 паркинг места за велосипеди на повеќе урбани локации, го поддржа првиот pumptrack полигон и го изгради вториот pumptrack полигон во Скопје, постави во сите средни училишта во Градот големи паркинзи за велосипеди и неодамна го отвори и вториот СТБ детски велодром во паркот Сарај.
Донациите придонесуваат во развој на урбана опрема во поддршка на велосипедизмот како превозно средство, не само како средство за спорт и рекреација.
Благодарение на успехот на #ВПВЗ Стопанска банка АД - Скопје креираше инспиративна кампања за прослава на 75 годишнината од постоењето под насловот Вози од срце.
Повеќе информации за изданијата на Вози право, вози здраво можете да најдете на линковите кои следуваат:
2024 Вози право, вози здраво vol. 8
2023 Вози право, вози здраво vol. 7
2022 Вози право, вози здраво vol. 6
2019 Вози право, вози здраво vol. 5
2018 Вози право, вози здраво vol. 4
2017 Вози право, вози здраво vol. 3
2016 Вози право, вози здраво vol. 2
2015 Вози право, вози здраво vol. 1
Сонуваме. Менуваме
Проектот „Сонуваме.Менуваме“ креиран во 2016та година произлезе како и #ВПВЗ од вработените на Банката и нивната секојдневна хуманитарна активности во заедницата.
Сонуваме.Менуваме. е долгогодишна кампања за промоција на инклузијата на лицата со пречки во развојот во сите сфери на општеството.
Концептот на проектот е да се организираат видливи мултимедијални настани кои се реализирани од најпопуларниот детски ТВ проект „Пет плус фамилија“ и во кои настани активно се вклучени деца од различни асоцијации на лица со пречки во развојот. Овие деца имаат улога во претставата, пеат, танцуваат и се комплетно вклучени во пренесување на пораката до своите врсници дека тоа се деца кои исто така сонуваат, сакаат да имаат мирно и весело детство, дека може да се дружат и да ги остваруваат своите планови и желби.
Како и во случајот со #ВПВЗ Стопанска банка АД - Скопје покрај кампањата и настаните, донира во проекти на асоцијациите на лица со пречки во развојот кои имаат за цел да се подобрат условите за учење, социјализација и развој на децата односно да им помогнеме да го променат светот на подобро за сите нас.
Повеќе информации за сите изданија на Сонуваме. Менуваме. и донациите се достапни на линковите во продолжение:
- 2023 Сонуваме.Менуваме vol. 5
- 2019 Сонуваме.Менуваме vol. 4
- 2018 Сонуваме.Менуваме vol. 3
- 2017 Сонуваме.Менуваме vol. 2
- 2016 Сонуваме.Менуваме vol. 1
Историски преглед
2024
- Продолжување на проектот „Зелен ѕид“ со засадување на нови 300 високи, зрели садници дрва во Град Скопје
- Преку Стопанска лизинг, главен Спонзор на „Стопанска Триоџи Триатлон“ 2024
- Спонзорство на Струмички карневал
- Донација на нов урбан сквер за жителите на Општина Центар
- Донација на нови 8 големи паркинзи за велосипеди во средните училишта во Скопје
- Покровители на Охридско лето и Галичка свадба
- За победникот на националниот Microsoft Office Specialist натпревар во 2024 година Банката ги обезбеди средствата за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
- Донација на Медицински факултет - Скенер за Институт на Патологија и Читална за студенти
- Донација на карпа за качување преку Македонски Олимписки Комитет
- Обновено годишното спонзорство на Национална Опера и Балет
- Комплетно опремување на 3 протипожарни станици со индивидуална опрема за шумски пожари преку Центар за управување со кризи
- Обновено спонзорство за Економскиот факултет, Скопје
- Донации од проектот „Сонуваме.Менуваме“
- Пуштен во употреба вториот СТБ Детски велодром, овојпат во парк Сарај
2023
- Продолжување на проектот „Зелен ѕид“ со засадување на повеќе од 500 високи, зрели садници дрва во Град Скопје
- Преку Стопанска лизинг, главен Спонзор на „Стопанска Триоџи Триатлон“ 2023
- Донација на медицинска опрема за Институтот за спортска медицина, Скопје
- Спонзор на Македонски олимписки комитет (МОК)
- Спонзорство на Струмички карневал
- За националниот Microsoft Office Specialist натпревар Банката ги обезбеди средствата за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
- Спонзорство за Економскиот факултет, Скопје
- Донација на 10 големи паркинзи за велосипеди во средните училишта во Скопје
- Покровители на Охридско лето и Галичка свадба
- Донација на специјална опрема за неонатален оддел во ГАК „Мајка Тереза“ - Чаир и Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство
- Покровителство на Националната опера и балет за набавка и воспоставување на дигитална продажба на билети
2022
- Спонзор на Македонски олимписки комитет (МОК) за 2022 година
- Спонзорство на Струмички карневал 2022
- Националниот Microsoft Office Specialist натпревар повторно се одржа во i-bank store и Банката ги обезбеди средствата за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
- Спонзорство за користење на специјален софтвер за потребите на Економскиот факултет, Скопје во 2022 година
- Покровители на Охридско лето и Галичка свадба 2022
- Вредни спортски донации преку ваучерите издадени од Агенција за спорт и млади
- Донација на медицинска опрема за Градската болница „8ми Септември“
- Иницијација на проектот „Зелен ѕид“ со засадување на повеќе од 350 високи, зрели садници дрва во Град Скопје
- Покровител на најзначајните економски форуми во земјата во поддршка на промоција на бизнис заедницата и Спонзор на Стопанска комора на Северна Македонија
- Преку Вози право, вози здраво - донација на 15 масовни паркинзи за велосипеди во средните училишта во Град Скопје
- Засадени 70 елки кои беа набавени за новогодишна декорација на филијалите и потоа засадени во локалните заедници
- Главен Спонзор на „Стопанска Триоџи Триатлон“
2021
- Донација на специјални фрижидери за вакцини против covid-19 пред почетокот на масовната вакцинација во земјата
- Донација за опремување на новиот национален центар за итна помош 112
- Донација на медицинска опрема за Клиниката “Св. Климент Охридски“ во Скопје
- Обезбедена храна за екипите кои се справуваа со пожарите во источниот регион
- Спонзорство на Охридско лето и на Галичка свадба 2021
- Спонзорство за набавка на специјален софтвер за Економски факултет Скопје за одржување на настава во услови на COVID-19
- Вредни спортски донации преку ваучерите издадени од Агенција за спорт и млади
- Засадени 70 елки кои беа набавени за новогодишна декорација на филијалите и потоа засадени во локалните заедници
2020
- Донации во вредност од 150.000евра во здравствениот систем поради подобрување на условите за справување со пандемијата од COVID-19
- комплетна единица респиратор
- подвижен рентген апарат
- снабдување на 7 клиники низ Републиката со маски, ракавици и визири
- Донација кон Црвен Крст за набавка на инкубатори за Детска клиника
- Донација на дополнителни 7 станици за поправка на велосипеди во Скопје (Велоштад), Битола, Тетово, Струмица, Прилеп, Кавадарци и Охрид
- Комплетирана изградба на велодром TOPSI pumptrack во градскиот парк во Скопје со дополнително уредување на просторот околу патеката, донација од претходните настани #ВозиПравоВозиЗдраво
- Санација и реконструкција на инклузивно игралиште во Општина Крушево
2019
- Донации од проектот „Сонуваме.Менуваме“
- Донација на специјализиран кардиолошки ехо апарат Philips за Универзитетска болница за детски болести, како дел од одбележувањето на 75 годишнината на Банката и проектот #ВозиОдСрце
- Донација на ехо апарат за Градска болница „Св. Петар и Павле“
- Покровител на четврто издание на националниот Microsoft Office Specialist натпревар - натпреварот се одржа во i-bank store и Банката ги покрива трошоците за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
- Струмички карневал
- Охридско лето
- Д-фестивал
- Партнер на Економски факултет - Скопје
- Реконструкција и санација на првиот детски велодром од #ВозиПравоВозиЗдраво
- Засадени 70 елки кои беа набавени за новогодишна декорација на филијалите и потоа засадени во локалните заедници
2018
- Покровители на Струмички карневал
- Покровители на Охридско лето
- Покровители на Д-фестивал
- Трето издание на националниот Microsoft Office Specialist натпревар - натпреварот се одржа во i-bank store и Банката ги покрива трошоците за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
- Реконструкција и уредување на модерна читална во библиотека „Другарче“
- Партнер на Економски факултет - Скопје
- Покровител на „Роман на годината“ 2018
- Донација на 105 урбани паркинзи и први 5 станици за поправка на велосипеди
2017
- Проектот „Мудрости. Радости“ - 10.000 примероци од нова сликовница „Книгата што никогаш не беше иста“ достапни бесплатно за децата од Македонија
- Струмички карневал
- Охридско лето
- Д-фестивал
- Второ издание на националниот Microsoft Office Specialist натпревар - натпреварот се одржа во i-bank store и Банката ги покрива трошоците за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД
- Партнер на Економски факултет - Скопје
- Покровител на „Роман на годината“ 2017
2016
- изградба на првиот детски велодром во Скопје #ВозиПравоВозиЗдраво
- Прво издание на националниот Microsoft Office Specialist натпревар - натпреварот се одржа во i-bank store и Банката ги покрива трошоците за патувањето на победникот и туторот на светското првенство во САД