m-banking
Фукционалности
ОСНОВНИ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ
- Можност за плаќања/автентикација со софтверски токен (М-токен)
- Детали за депозитни, картични и кредитни производи кои ги нуди банката
- Локации на филијали и банкомати до вас
- Аплицирање за кредитните производи на Банката
- Калкулатор за кредити и депозити
- Тоpsi Pay - Брзи Плаќања
- М-банкинг
- Каматни стапки
- КалкулаторУвид во состојбата на вашите сметки
ФУНКЦИОНАЛНОСТИ НА М-БАНКИНГ
- Увид во состојбата на вашите сметки
- Push нотификации на сметка
- Листа со трансакции со напредно пребарување
- Детали за депозитни и кредитни производи (амортизациони планови, листи на уплати, каматни стапки и сл.)
- Плаќања
- Интерни плаќања кон сметки во СБ
- Интербанкарски плаќања кон сметки во друга банка
- Кон буџетски корисник
- Менувачница
- Режиски трошоци
- Дополнителна уплата на депозит во СБ
- Отплата на рата за кредити и кредитни картички во СБ
- 24/7 трансфери кон интерни сметки на физички лица
- Ажурирање на клиентски податоци
- Подесување на I-bank лимити на сметка (по трансакција, месечен)
- Управување со трансакциски лимити за користење на платежната картичка во земјата и странство
- Блокирање/Деблокирање на картичка
- Распределба на девизни приливи
- Можност за отварање на орочен депозит 12/13 и 18/20
- Дигитализиран Visa Vero ваучер, можност да се генерира и искористи преку менито за кредитна картичка
- Регистрација на налози со иден датум (одложени плаќања)
- Можност за повторна употреба на веќе реализиран налог за креирање ново плаќање и креирање на шаблон
- Сподели реализиран налог
ЧПП Прашања и упатства за i-bank
Инсталација и упатства
Преземете ја мобилната апликација бесплатно од Play Store за вашите Андроид телефони или од App store за вашите i-phone телефони и останете секогаш први на ред.
Download
ВАЖНО ДА СЕ ЗНАЕ ПРЕД ИНСТАЛАЦИЈА:
Што е потребно пред да побарате М-токен?
Банката направи надградба на платформата за користење на М-токен согласно актуелната регулатива а со тоа и на својата мобилна апликација. Како би можеле да ја користите непречено новата верзија на мобилна апликација и нејзините функционалностите, ВАЖНО е пред да започнете со ажурирање на истата да ја проверите верзијата на оперативниот систем на вашиот мобилен уред!
Минимум верзија на оперативен систем на мобилниот уред дозволена е Андроид верзија 7 ИОС верзија 16.4
Доколку верзијата е помала од наведените нема да може да продолжите со користење на мобилната апликација поради минимум безбедносни побарувања од оперативниот систем!
За што се користи М-токен ?
М-токенот се користи за автентикација во дигиталното банкарството. Со М-токенот правите потврда на вашиот идентитет кога вршите трансакции или пристапувате до вашата платежна сметка.
Како се извршува потврда на налог?
Потврда на налог се извршува на мобилната апликација со М-токенот кој динамички ја поврзува трансакцијата со определен износ и определен примател на средствата.
Налог е секоја активност иницирана од корисникот на дигиталното банкарство достапна како поединечна функционалност преку овој канал.
Што е засилена автентикација?
Засилена автентикација (SCA) е безбедносна мерка која бара користење на повеќе независни методи за да се потврди идентитетот на корисникот, а воедно додава и дополнителен елемент на безбедност при електронско плаќање.
Засилената автентикација на корисниците има за цел да го намали ризикот од измами при користење на дигиталните канали за најава и извршување на плаќањата а се базира на повеќе фактори кои вклучуваат знаење, владение и својственост.
Идентитетот на корисникот мора да се верификува, со користење на двe од следниве три точки:
- Нешто што го знае (ПИН, лозинка);
- Нешто што само клиентот го поседува (картичка, мобилен);
- Нешто што го идентификува (отпечаток на прст, идентификација на лице).
Кога се применува засилена автентикација?
- За нов i-bank корисник при прва најава за пристап до платежните сметки онлајн
- За i-bank корисник неактивен подолго од 3 месеци
- За иницирање електронски плаќање (е-банкинг/м-банкинг/е-трговија)
УПТАСТВА
- m-banking корисничко упатство
- Насоки за безбедно користење
- Упатство за активирање на софтверски токен
- Упатство за поставување на трансакциски лимити и блокирање или деблокирање на картичка преку м-банкинг
- Упатство за отворање на орочен депозит 12/13 и 18/20
ЧПП Прашања и упатства за i-bank
За дополнителни информации обратете се на