Сонуваме Менуваме по трет пат во МОБ
15.12.2018
„Сонуваме. Менуваме.“ го има своето трето издание
Стопанска банка АД – Скопје со задоволство го објавува почетокот на третото издание на „Сонуваме.Менуваме“, настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас. По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75 годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ прераснува во уште поголем спектакл и доживување кое ќе се памети. Фото галерија од настаните е достапна на нашиот Facebook профил.
На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија приредуваат едночасовно шоу во кое вклучени се повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваат програмата и рамноправно со актерската екипа гласно и недвосмислено ја промовираат инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите ни се децата кои целосно веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, се надеваме дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и ќе создадеме општество какво што сонуваме да имаме.
Петте концерти “Сонуваме.Менуваме“ се одржуваат во МОБ со овој распоред:
• Сабота 15.12 од 11, 14 и од 17 часот
• Недела 16.12 од 11 и од 14 часот
Поради хуманитарниот карактер на настанот, во продажба беа пуштени билети по симболична цена од 100 денари и сите овие средства се вклучуваат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.
„СонувамеМенуваме прерасна во традиција и среќни сме што токму со овој проект почнуваме да ја одбележуваме нашата 75 годишнина. Кога компанијата има богата историја значи дека е вткаена во историјата на државата, на граѓаните и на компаниите и остава траен белег врз општеството. Како општествено одговорна компанија секогаш сме на страната на оние кои не се плашат да го остварат својот сон, даваме поддршка, заедно туркаме напред и создаваме подобар свет за сите. Им посакувам на децата кои ќе учествуваат, но и оние кои ќе ги следат концертите да работат сложно за посветла иднина, ја имаат нашата поддршка секако.“ – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.
Во продолжение се одобрените грантови од страна на комисијата за 2018та година со што вкупниот буџет доделен досега од страна на Банката надминува 45.000евра:
Им благодариме на сите кои поднесоа апликации за реализација на грантови, честитаме на креативноста и посветеноста да работат за подобри услови за едукација, живот и осамостојување на лицата со посебни потреби. Банката продолжува да нуди поддршка и во годините што претстојат.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна