stb logo
img product

Апликација за MasterCard Standard кредитна картичка


Пополнете ги Вашите податоци

*Месечните примања се внесуваат нумерички пример: 20000
*Телефонскиот број се внесува по овој примерок 07XXXXXXX
Согласен/на сум со условите за аплицирање

Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје.
Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката.

Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај.
Запознат/а сум дека:
1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност.
2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот.
3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци.
4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката.
5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.

Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10).

Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката.

Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација.
Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје.
Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката.
Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број.
Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.