За сите примени апликации во периодот 01.10.2024 - 31.12.2024:
100% попуст на административните трошоци
100% попуст на трошоци за процена
100% попуст на нотарските трошоци за воспоставување на заложно право како и упис на заложното право во Агенцијата за Катастар на недвижности, за кредити со нова изложеност во СБ во износ над 15.000 ЕУР
Износ на кредит:
до 80.000 ЕУР за кредити обезбедени со хипотека (во денарска противвредност)
до 200.000 ЕУР за кредити обезбедени со депозит (во денарска противвредност)
Одобрување на кредит без административни забрани, меници или жиранти
Денарски кредит со девизна клаузула
Еднакви месечни ануитети
За сите иматели на трансакциска сметка во СБ, достапна е опцијата за отплата со траен налог или преку i-bank каналите на банката
Рок на отплата до 20 години
При рефинансирање од друга банка:
0% административен трошок при рефинансирање кредит од друга банка
0 МКД трошок за проценка при рефинансирање кредит од друга банка
0 МКД трошок за нотар при рефинансирање обезбеден кредит од друга банка
Каматни стапки за кредити со вклучено животно осигурување
Обезбедени со хипотека за клиенти со плата/пензија во СБ
Фиксна каматна стапка од 4,50% за 3 години
Променлива каматна стапка од 8,41% во наредните години
За останати клиенти
Фиксна каматна стапка од 5,00% за 3 години
Променлива каматна стапка од 9,34% во наредните години
Обезбедени со депозит:
1.90 п.п маргина над каматната стапка на депозитот
Каматни стапки за кредити БЕЗ вклучено животно осигурување
Обезбедени со хипотека за клиенти со плата/пензија во СБ ЕУР
Фиксна каматна стапка од 4,70% за 3 години
Променлива каматна стапка од 8.41%
За останати клиенти ЕУР
Фиксна каматна стапка од 5,20% за 3 години
Променлива каматна стапка од 9,34% во наредните години
Обезбедени со депозит:
2.00 п.п маргина над каматната стапка на депозитот
Дополнителни редовни трошоци поврзани со кредитното барање:
Апликативен трошок 600 МКД
400 МКД трошок за генерирање на Имотен Лист
административен трошок за кредити обезбедени со хипотека 1,25% - само во случај на одобрено барање
административен трошок за кредити обезбедени со депозит 0,50% - само во случај на одобрено барање
трошок за проценка 2.500 МКД – само во случај на одобрено барање
Нотарски трошоци – само во случај на одобрено барање (или ослободување согласно промотивна понуда)
Трошок за делумна или целосна предвремена отплата:
0% доколку истата се врши по истек на првите 20% од иницијално одобрениот рок
3% од износот на остаток на долг доколку отплатата се врши во првите 20% од иницијално одобрениот рок
Хипотека на недвижен имот во вредност од 133%-154% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување
Физички лица, резиденти
Минимален месечен приход
9.100 МКД за секој учесник поединечно
За клиенти со плата во СБ/без плата во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 70 години на денот на отплата ( доколку се вклучува ко-кредитобарател/и, возраста на еден од учесниците мора да биде до 70 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 75 години на денот на отплата.
За пензионери – до 70 години на денот на отплата (доколку се вклучува ко-кредитобарател/и и сите учесници во моментот на аплицирање се пензионери, возраста на било кој од учесниците може да биде до 75 години на денот на отплата).
Услов за ко-кредитобаратели:
член на потесното семејство
или друго лице да е клиент со плата/пензија во СБ;
да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или во друга банка и со добра кредитна историја
Услов за физички лица вработени во странство, кои се државјани на РСМ
Mоже да се прифатат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во РСМ се јавуваат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели. Воедно треба да достават Договор за вработување и последна годишна даночна изјава доставена до даночен орган во земјата каде се вработени (истите треба да се преведени од овластен преведувач).
Потпишано барање за потрошувачки кредит и согласност за проверка во Македонско кредитно биро
Копија од лична карта
За клиенти кои не се приматели на плата/пензија во СБ:
извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
потпишана и заверена потврда за редовно вработување која не е постара од 30 дена
Извод од матична книга на родени/венчани за кредитобарател и ко-кредитобарател/(при нотарска постапка)
Доколку обезбедувањето е куќа, земјиштето треба да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп
Дополнителна документација на барање на банката
Пополнете ги Вашите податоци
Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката.
Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.
Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10).
Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката.
Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.