header image header image

Собрание на акционери

Собрание на акционери

ЈАВЕН ПОВИК

за учество на 54-та седница на Собранието на акционерите на
Стопанска банка АД - Скопје

 

Врз основа на член 390 од Законот за трговски друштва, а по Предлог одлука на акционерот Национална Банка на Грција С.А. Атина, сопственик на 94,6% од вкупниот број на акции со право на глас, за дополнување на Дневниот ред на 54 –та седница на Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје закажана за 16.7.2024 г. во 12:00 часот, Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје донесе Одлука за измена на Одлуката за свикување на 54-та Седница на Собранието на акционери на СБ (Н.О. бр. 63/2024 од 14.6.2024 година), со која се дополнува Дневниот ред со додавање на две нови точки (точка 7 и точка 8), како што следува подолу.

Врз основа на горенаведеното, за работа на 54-та седница на Собранието на акционери, Надзорниот одбор на СБ го предлага следниот:

РЕВИДИРАН ДНЕВЕН РЕД
  1. Избор на претседавач, нотар и бројач на гласови;
  2. Разгледување на Записникот од 53-та седница на Собранието на акционери одржана на 28 март 2024 година;
  3. Донесување на Одлука за именување на член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје: г-ѓа Димитра Доима;
  4. Донесување на Одлука за именување на член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје: г-дин Георгиос Тагарис;
  5. Донесување на Одлука за именување на член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје: г-ѓа Јиули Толиа;
  6. Донесување на Одлука за именување на член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје: г-дин Панајотис Карандреас.
  7. Донесување на Одлука за определување на надомест на членовите на Надзорниот одбор.
  8. Донесување на Одлука за определување на надомест на членовите на Одбор за ревизија.

Останатите одредби од Јавниот повик објавен на 14.6.2024 година остануваат непроменети. Со цел поголема прегледност, подолу ги ре-објавуваме релевантните одредби од веќе објавениот Јавен повик.

Се повикуваат акционерите на СБ да го пријават своето учество на седницата на Собранието со доставување на: писмено овластување издадено од надлежен орган на акционерот (за правни лица) или лично потпишана пријава (за физички лица), најмалку 3 (три) дена пред одржувањето на седницата, а најдоцна во рокот предвиден со Законот за трговски друштва, на горенаведената адреса, со назнака: „За Кабинет на Претседател на Управен одбор“, или по електронски пат на е-пошта: sobranie@stb.com.mk, со доставување на овластувањето или изјавата во скенирана форма.

Акционерите на СБ можат да гласаат по точките од дневниот ред објавени во Јавниот повик и со пополнување на Образец за гласање со коресподенција, кој е објавен и на официјалната интернет - страница на Банката во делот „Собрание на акционери – документација“, на следниот линк: www.stb.com.mk. Уредно пополнетиот Образец за гласање со коресподенција, акционерите треба да го достават во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционерот-физичко лице, односно назив, седиште, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот правно лице. За потребите на идентификација, заедно со пополнетиот Образец за коресподенција, акционерот-физичко лице потребно е да достави и копија од документ за идентификација (лична карта). За потребите на идентификација, заедно со пополнетиот Образец за коресподенција, акционерот-правно лице е потребно да достави и копија од важечка тековна состојба на правното лице и копија од документ за идентификација (лична карта) на законскиот застапник на правното лице. Пополнетиот Образец за коресподенција во оригинал заедно со погоре наведените документи за идентификација, со назнака „за Собрание на акционери“ треба да бидат примени во седиштето на Стопанска банка АД – Скопје, на улица „11 Октомври“ бр. 7, 1000 Скопје, најдоцна до 16.7.2024 година до 12.00 часот.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на собранието на акционери, на начин и под услови утврдени со закон, со потпишување на писмено полномошно. Секој акционер кој дал писмено полномошно и назначил свој полномошник е должен да ја извести Банката со писмено известување на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат на: sobranie@stb.com.mk со доставување на полномошното во скенирана форма, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања што се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на банката и Законот за трговски друштва.

Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 22.6.2024 година, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка. Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на горенаведената адреса и назнака или по електронски пат на е-поштата: sobranie@stb.com.mk.

Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционери (и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице. Заедно со барањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:
1. За акционер-физичко лице, се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и
- Копија од лична карта или пасош.

2. За акционер-правно лице, се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,
- Последна тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 7 дена, и
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.

 Акционерите имаат право да поставуваат прашања по точките од дневниот ред. Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на друштвото да одговори на поставените прашања може да се ограничи само поради одржувањето на ред во заседавањето и работата на собранието, или преземање активности за зачувување на доверливоста во работењето и деловните интереси на друштвото.
Одговорите на поставените прашања на седница на собранието на друштвото ќе бидат објавени на интернет - страницата на Банката www.stb.com.mk во форма на прашање и одговор.

Прашањата се доставуваат во писмена форма во оригинал на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат во скенирана форма на е-пошта: sobranie@stb.com.mk, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот зсатапник на акционер(и) правно лице. Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:
1. За акционер - физичко лице, се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и
- Копија од лична карта или пасош.
2. За акционер - правно лице, се приложува:
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во којшто е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,
- Последна тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 7 дена, и
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.

Гласањето по точките од дневниот ред се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.

Материјалите по предлог – дневниот ред и останати информации, согласно важечката законска регулатива, ќе бидат во целост достапни на увид на акционерите во Централата на СБ (3 кат, канцеларија бр. 306), секој работен ден од 12.00 до 15.00 часот, а ќе бидат објавени и на интернет - страницата на Банката www.stb.com.mk од денот на објавувањето на овој Јавен повик.

СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ

Документација

За 54-то Собрание на акционери 16.7.2024

За 53-то Собрание на акционери 31. 5. 2024

За 52-то Собрание на акционери 28. 3. 2024

За 51-то Собрание на акционери 30. 5. 2023

За 50-то Собрание на акционери 31. 5. 2022

Податоци за акциите

Поважни податоци

Номиналниот износ на почетниот капитал (основната главнина) на СБ изнесува 3.602.219.798 денари кој е поделен на:

  • 17.460.180 обични акции со право на глас, со номинален износ од 201,1 денари по акција, и
  • 227.444 приоритетни кумулативни акции без право на глас, со номинален износ од 400,0 денари по акција. 

Право на глас во Собранието на СБ

Акционери сопственици на обични акции со право на глас кои поседуваат квалификувано учество во СБ:

*Акциите на СБ котираат на Македонска берза АД Скопје, на подсегмент - задолжителна котација: Проспект на СБ за котација на издадените акции.

Права од акции

Акционерите на СБ ги имаат сите права, обврски и одговорности, утврдени со законите, Статутот на СБ и релевантните Одлуки за издавање на акции донесени од Собранието на акционери.

Обичните акции се акции кои им даваат на нивните сопственици:

  • Право на глас во Собранието на акционери,
  • Право на исплата на дел од добивка (дивиденда), и
  • Право на исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на Банката.

Приоритетните акции се акции без право на глас кои им даваат на нивните сопственици:

  • Право на гарантирана (фиксна) дивиденда утврдена во висина на каматата на средствата на штедните влогови и депозити на граѓаните орочени на 1 година, зголемена за соодветен процентен поен кој се утврдува со Одлуката за каматните стапки на СБ;
  • Право на наплата на акумулираните неплатени дивиденди пред наплатувањето на какви било дивиденди на сопствениците на обични акции;
  • Доколку Банката не оствари добивка во износ кој е доволен да го покрие износот на дивидендата на вкупниот број на акции, остварениот дел од добивката, Банката ќе го распредели само на акционерите кои имаат приоритетни акции (со гарантирана фиксна дивиденда), а најмногу до висина на остварениот дел од добивката;
  • Доколку Банката не оствари добивка доволна за исплата на утврдениот гарантиран износ на дивидендата, имателите на приоритетните акции ќе имаат право на кумулативна дивиденда, односно наплата на заостаната дивиденда во наредните години.
  • Врз основа на Одлука на Собрание на акционери на Банката, имателите на приоритетни акции можат да стекнат право на учество во распределбата на добивката на Банката, како варијабилен дел во висина што ќе ја утврди Собранието, но најмногу до износот што ќе го добијат имателите на обични акции.
Генерални податоци

Обични акции

ISIN MKSTBS 101014
Вид Обични акции со право на глас
Номинална вредност 201.1 МКД
Број на акции 17.460.180
CFI код ESVUFR
Тикер STB
Котира Македонска берза АД Скопје
Приоритетни акции
ISIN MKSTBS 120014
Вид приоритетни кумулативни акции без право на глас
Номинална вредност 400 МКД
Број на акции 227.444
CFI код EFNNQR
Тикер STBP
Котира Македонска берза АД Скопје
Дивиденда

Акционерите на СБ имаат право на учество во добивката, освен ако, според одлуката на Собранието за употреба на добивката, донесена врз основа на закон, релевантен подзаконски акт или Статутот на СБ, добивката е изоставена од распределба меѓу акционерите. Учеството на акционерите во добивката се определува според родот и класата на акциите.

Бруто износ на дивиденда за обични акции за 2021 година - /
Бруто износ на дивиденда за приоритетни акции за 2021 година - 5 МКД

Исплатата на дивидендата за приоритетните акции ќе се исплати: во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на релевантната одлука на Собранието на акционери.

 

Информација за исплата на дивиденда на приоритетни акции

 

Дивидендна историја

Година

Бруто износ по акција, во МКД
Обични акции

Бруто износ по акција, во МКД
Приоритетни акции

2023    
2022 - 5 денари
2021 - 5 денари
2020 - 6 денари
2019 - 7 денари
2018 73 денари 9 денари
2017 117 денари 10 денари
2016 127 денари 11 денари
2015 159 денари 12 денари
2014 - 16 денари
2013 - 20 денари
2012 - 23 денари
2011 - 29 денари
2010 - 36 денари
2009 - 41 денари
2008 - 35 денари
2007 - 34.5 денари
2006 - 316.5 денари
(акумулирана добивка за периодот 2000-2006 година)
2005 - -
2004 - -
2003 - -
2002 - -
2001 - -

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Контакт

Доколку ви се потребни дополнителни информации во врска со акциите на Стопанска банка АД - Скопје, слободно контактирајте го именуваното лице за односи со инвеститори:

Бојан Цветковски
e-mail: investor.relations@stb.com.mk
Тел: (02) 3295 – 407

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.