Прескокни до содржина
Платежни услуги во земјата

Платежни услуги

Платежни услуги во земјата

Општи информации

Информација за промени во домашниот платен промет во сила од 09.11.2026 година

Согласно најавените законски измени кои стапуваат на сила од 09.11.2026 Банката спроведе прилагодување на своето дигитално банкарство како и во системите кои се користат на шалтерите во филијалите.

Преку шалтерите и преку дигиталното банкарство тековните платни инструменти ќе бидат во примена заклучно со 06.11.2026, по што со следниот работен ден 09.11.2026 во примена ќе влезат новите платежни инструменти.

Претстојните измени кај налозите во филијалите и на дигиталното банкарство (електронско и мобилно) се направени согласно новите хартиени обрасци, и тоа во типот на инструментот (КТД/КТБ/ЗКТ), називите и позицијата на одделни полиња. Овие приспособувања не претставуваат суштинска промена на договорениот начин на доставување и авторизирање на платежните налози преку дигиталното банкарство.

Упатство за нови платни налози и шифри

Ги издвојуваме важните промени:

1)      Во полињата „Платежна сметка на плаќачот“ и „Платежна сметка на примачот“ се дополнува фиксната ознака MK07, со која постојниот ББАН се прикажува како ИБАН во платниот налог и нема потреба да ја внесувате оваа ознака.

2)      Податоците што досега се прикажуваа како „Цел на дознака“, „Повикува на број одобрува“ и „Повикува на број задолжува“ ќе се прикажуваат во полето „Опис на плаќањето“. Во упатството достапен е на сликовит начин стариот и новиот изглед на платежниот инструмент со цел понатамошно и уедначено користење на овие полиња кои поблиску го определуваат описот на плаќање за примателот, но и за ваша интерна евиденција (види упатство).

3)      Шифра за целта на плаќањето

За денарските плаќања се воведуваат нови шифри од четири латинични знаци — букви согласно стандардот ISO20022

Листа на шифри за опис на плаќања нови согласно ISO20022 стандардот

Со цел полесно препознавање и премин кон новите шифри на плаќање, во продолжение листа со најчесто користени шифри мапирани со стари и нови вредности.

Листа на најчесто користени шифри мапирани со нови

Дополнително, ве информираме дека согласно регулативата, шифрата за целта на плаќањето не е задолжителен елемент за прием и извршување на налогот. Доколку таа не е внесена од страна на корисникот, Банката смее по сопствен избор да додели шифра согласно ИСО стандардот или да го проследи платниот налог кон платните системи без нејзино пополнување.

Со отворањето на сметка во Стопанска банка, банката ви нуди користење на услуги на најповолен и едноставен начин благодарејќи на големата мрежа на филијали во која можете да:

  • Доставувате на платни трансакции од било кое шалтерско место на Стопанска банка АД - Скопје

  • Користите на електронско банкарство за доставување на платни трансакции и следење на состојбата на сметките

  • во рамките на Банката извршувате платни трансакции за плаќање во реално време, што значи веднаш бидејќи Банката опфаќа над 30% од сметките на регистрираните правни лица кои делуваат во домашниот платен промет, со што обезбедува поголема брзина за реализација на вашите платни трансакции и располагање со средствата

  • Извршувате на трајни налози

  • Одредувате приоритет на платните трансакции

  • Добивате рамковни револвинг кредити поврзани со сметката за вршење на домашен платен промет

  • Користите интегриран информационен систем GLOBUS кој овозможува on-line управување со сите Ваши сметки

  • Користите BUSINESS картичка

  • Добивате совети од областа на банкарското работење

Упатство за нови налози и шифри

Листа на шифри за опис на плаќања нови согласно ISO20022 стандардот

Листа на најчесто користени шифри мапирани со нови