Брокерски услуги
Финансиски пазари
Услуги
Брокерските услуги достапни од СБ Брокер се:
• Тргување со хартии од вредност на Македонската берза
• Тргување на странски берзи со акции, обврзници и ETF
• Можност за доставување на електронски налози за тргување преку E-TRADER
• Вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со и без задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
• Дејствување како покровител при котација;
• Извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;
• Чување на хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на клиенти во депозитар, отворање и водење на сметки на хартии од вредност и за своите клиенти кои не се сопственици на тие хартии од вредност, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот (исплата на достасани побарувања од издавачите врз основа на достасани хартии од вредност, камати и дивиденди за сметка на сопствениците на тие хартии од вредност, известување за собранија на акционерите и застапување на тие собранија, плаќање на даночни обврски на клиентот врз основа на хартии од вредност кои се во негова сопственост и слично)
Потребни документи
Потребни документи за физички лица
Копија од документ за идентификација (лична карта или пасош)
Платежна сметка во Стопанска банка* или трансакциска сметка во друга банка (единствено за продавачи на хартии од вредност кои немаат трансакциска сметка во СБ)
Потребни документи за правни лица
Тековна состојба, не постара од 6 месеци
Листа на овластени потписници / образец заверен потпис - ЗП
Копија од документ за идентификација на овластените потписници
Одлука од правното лице за купување/продавање на хартии од вредност (зависно од статутот на правното лице)
Платежна сметка на правното лице*
*средства за купување на хартии од вредност се уплатуваат на сметка на купувачот или директно на сметка бр.100000070020077 (со образец ПП10) во Народна Банка на РСМ