header image

Стопанска банка со поддршка за „Инвеститорски ден“ 18. 9. 2020 година

14. 9. 2020

 

Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, постојано вложува во финансиската едукација и писменост преку посебни активности и кампањи, но и преку секојдневните интеракции со своите клиенти и сограѓани.

Оттука, Банката обезбедува безрезервна поддршка и за „Инвеститорскиот ден“ во организација на Македонска берза АД – Скопје, по повод 25 години од основачкото собрание на Берзата.


Оваа активност има за цел да поттикне поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура на пазарот.  

Поддршката на „Инвеститорскиот ден“ Банката ја изразува со тоа што домашните физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци на 18. 9. 2020 година. Притоа, потребно е да бидат исполнети следните услови:

  • Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот,
  • Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;
  • Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Повеќе информации околу „Инвеститорски ден“ клиентите може да најдат на веб страницата на Македонска берза АД – Скопје.

Стопанска банка АД – Скопје
#НаВашаСтрана

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.