Прескокни до содржина
Годишно партнерство со женскиот одбојкарски клуб Форца Волеј

Новости

Corporate

Годишно партнерство со женскиот одбојкарски клуб Форца Волеј

16.10.2026

16.10.2026

Годишно партнерство со женскиот одбојкарски клуб Форца Волеј

Со големо задоволство го официјализиравме годишното партнерство со женскиот одбојкарски клуб Форца Волеј, кој во новата натпреварувачка сезона на своите дресови ќе го носи и нашето лого.

Во новата управна зграда им посакавме добредојде на одбојкарките, тренерскиот тим и раководството на клубот, со заедничка порака дека вистинските успеси се градат преку посветеност, доверба и тимска игра.

Генералниот извршен директор, г-а Кутуди, им порача на играчите секогаш да се стремат кон највисоките резултати, но и да не забораваат дека токму способноста да се игра и победува како тим е патот до најголемите успеси.

Сениор директорот за корпоративно банкарство, г. Драган Гичев, им посака успешен старт на сезоната и изрази надеж за долгорочна соработка како и желба да го пречекаме тимот во нашите простории на крајот од сезоната како шампиони.

Претставниците на Форца Волеј, Г-а Бранка Каленикова и Ивана Пејовска изразија благодарност за поддршката и довербата, нагласувајќи дека со енергијата на младите играчи, посветената работа и заедничката визија, клубот е подготвен повторно да се бори за местото што го заслужува во македонската одбојка.

Во Стопанска банка веруваме во силата на тимскиот дух, истрајноста и амбицијата. Токму затоа сме горди што ќе бидеме дел од нивната приказна и ќе навиваме за секој освоен поен и секоја нова победа.

Среќно, Форца Волеј! Да славиме многу успеси заедно.

Стопанска банка
На ваша страна

Aph106626 Aph106652

Aph106744 Aph106753

Aph106825 Aph106620