Новости
Информација за платежните услуги преку дигиталните канали на Банката
05.11.2026
Почитувани клиенти,
Ве информираме дека, согласно планираните системски прилагодувања поврзани со новите платни инструменти на ниво на држава, во текот на 7 и 8 ноември, платежните услуги преку дигиталните канали на Банката ќе бидат со ограничена достапност. Тоа значи дека на 7.11. клиентите ќе може да вршат налози до 14ч, по што е-банкингот нема да дозволува креирање на налози за тековниот ден и со иден датум. Ова оневозможување ќе важи и за недела односно до следно отворање на 9.11.
Напоменуваме дека платежните картички преку ПОС мрежата и АТМ-ите остануваат целосно достапни за корисниците за уплата и исплата на готовина.
Стопанска банка
На ваша страна