Меѓународна бесконтактна дебитна картичка поврзана со 2 сметки- една во денари и една во евра
Без провизија за плаќање во трговската мрежа
3D-Secure стандард за БЕЗБЕДНИ купувања преку интернет
Корисниците на Visa Gold дебитната картичката добиваат посебен третман во услугата на шалтерот за опслужување на премиум клиенти достапен во филијалите Алуминка, Веро, ГТЦ, Јане Сандански, Кисела Вода, Мајка Тереза и Младина
Без провизија за подигнување на готовина од банкомати во мрежата на Стопанска банка
Брза и едноставна процедура за аплицирање во филијалите на СБ, на телефон 15-110 или на линкот alokredit.mk
Visa Gold е дел од Golden Club, што претставува пакет на поволности, попусти и бенефиции за корисниците на Visa Gold дебитната картичка. Повеќе инфо на stb.com.mk/goldenclub
Visa Gold картичката е исто дел од семејството на премиум корисници за кои што Visa International обезбедува посебен пакет на меѓународни попусти и поволности. Повеќе информации на Visa
Visa Fast Track сервис на аеродромот во Скопје, кој овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка.
Употреба
Плаќање во трговската мрежа и подигнување на готовина од банкомати и шалтери
Следење и управување со сметката преку сервисот за електронско банкарство на СБ
Овозможена за користење во државата и во странство
Овозможена за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита
Бесконтактни плаќање без внесување на пин до 2.000 денари во трговската мрежа
Лимити
Максимален износ по трансакција во трговија во државата и странство во износ од 250.000 денари од денарската сметка и 4.000 евра од евровата сметка
Кумулативен износ на трансакции во текот на еден месец во трговија во државата и странство во износ од 600.000 денари од денарската сметка и 9.750 евра од евровата сметка
Дневен лимит за подигнување на готовина од банкомати во износ од 60.000 денари во државата и во странство
Дневен кумулативен износ на бесконтактни трансакции без внес на пин до 9.000 МКД (150 ЕУР) (доколку бесконтактните трансакции се извршуваат со физичка картичка). По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. Исклучок од правилото се трансакциите на патарини каде што посочените лимити не важат.
Дневен кумулативен износ на трансакции со Google Pay до 20.000 МКД (350 ЕУР) и важи само за трансакциите направени во странство. По надминување на овој лимит трансакцијата мора да се изврши контактно - со вметнување на картичката во ПОС терминалот и внес на пин код од картичката. За трансакциите направени во Македонија не се поставени дневни трансакциски лимити за плаќања со Google Pay.
За зголемување на лимитите над препорачаните треба да се обратите во контакт центарот на 02/3100-109
Членство
1.500 денари годишна членарина која се наплатува при издавањето на картичката
0 денари членарина со направен промет во трговска мрежа над 200.000 денари во текот на една година
600 денари членарина со направен промет во трговска мрежа над 100.000 денари во текот на една година
0 денари членарина за СБ Ексклузив клиенти
0 денари членарина за корисници на Visa Gold кредитна картичка од СБ
0 денари членарина (без членство) за дополнителната картичка.
Без трошок за изработка на дополнителна картичка.
Провизии и други надоместоци
БЕЗ ПРОВИЗИЈА за подигање на готовина од банкоматите на СБ
За подигање на готовина од банкомати и шалтери на други банки во Р.Северна Македонија сметката поврзана со картичката се задолжува со провизија од 100МКД+2% од подигнатиот износ.
За подигање на готовина од банкомати и шалтери на други банки во странство сметката поврзана со картичката се задолжува со провизија од 150МКД+2% од подигнатиот износ.
Издавање на нов ПИН изнесува 150 МКД
Трошокот за изработка на нова, доколку старата картичка е оштетена изгубена или украдена изнесува 300 МКД
Трошокот за изработка на нова картичка при промена на презиме или име изнесува 150 МКД
Критериуми
Физички лица државјани на Република Северна Македонија
Лица над 18 години
Доволно средства на денарската сметка за наплата на трошокот за годишна членарина
Документи
Лично пополнета и потпишано барање за Visa Gold Debit дебитна картичка
Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката.
Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.
Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10).
Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката.
Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.