Сите апликации примени од 01.10.2024 до 31.12.2024 добиваат:
100% ослободување од административни трошоци
100% ослободување од трошоци за процена
100% попуст на нотарските трошоци за воспоставување на заложно право како и упис на заложното право во Агенцијата за Катастар на недвижности
Гарантирана каматна стапка за првите 5 или првите 10 години
Отплата до 30 години
За купување, градба, доградба и надградба: до 30 години
БЕЗ провизија за предвремена отплата со сопствени средства
БЕЗ жиранти, БЕЗ административни забрани, БЕЗ меница
Можност да се стави под хипотека истиот стан кој се купува
Ко-кредитобаратели може да бидат и лица кои не се членови на потесното семејство
Денарски кредит со девизна клаузула, валута ЕУР
Намена
Купување на нов / стар стан или куќа од физичко или правно лице
Купување на куќа со земјиште
Градба на куќа
Доградба / надградба на стан /куќа
Можност за рефинасирање на станбен кредит од друга банка
за кредити со 5 или 10 години гарантирана каматна стапка
Износ до 200.000 ЕУР за сите намени
За кредити со животно осигурување:
3,30% фиксна за првите 5 год, за клиенти со плата/пензија во СБ, или
3,70% фиксна за првите 10 год, за клиенти со плата/пензија во СБ
4,30% фиксна за 3 год, за останати клиенти.
За кредити БЕЗ животно осигурување:
3,50% фиксна за првите 5 год, за клиенти со плата/пензија во СБ, или
3,90%фиксна за првите 10 год, за клиенти со плата/пензија во СБ
4,50% фиксна за 3 год, за останати клиенти.
Променлива каматна стапка за останатиот период
7,66% со плата/пензија во СБ
8,51% останати клиенти
Отплата и трошоци
Еднакви месечни ануитети
Целосна или делумна предвремена отплата со сопствени средства е БЕЗ провизија.
За рефинансирање на станбени кредити од СБ во други Банки 3% провизија од рефинансираниот износ (само за кредити обезбедени со залог на недвижен имот)
Апликативни трошоци: 600 МКД за сите клиенти
400 МКД трошок за генерирање на Имотен Лист
Административни трошоци: 0% на износот на одобрениот кредит, еднократно
Трошоци за проценка 0 МКД за имотот понуден како обезбедување
Трошоци за осигурување на имотот кој се остава под хипотека ,
Нотарски трошоци за регистрација на хипотеката и упис во катастар (или
Хипотека на недвижен имот во вредност од 125%-250% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување
Критериуми
Државјани на Р. Северна Македонија
Задолжително сопствено учество од најмалку 10% од вредноста на станот што се купува (во зависност од вредноста на обезбедувањето и кредитоспособноста на клиентот)
Минимални месечни примања од 9.100,оо ден за секој учесник во кредитот поединечно.
За клиенти со плата во СБ/без плата во СБ – од 20 години на денот на аплицирање до 70 години на денот на отплата ( доколку се вклучува ко-кредитобарател/и, возраста на еден од учесниците мора да биде до 70 години на денот на отплата, додека возраста на останатите учесници може да биде до 75 години на денот на отплата.
За пензионери – до 70 години на денот на отплата (доколку се вклучува ко-кредитобарател/и и сите учесници во моментот на аплицирање се пензионери, возраста на било кој од учесниците може да биде до 75 години на денот на отплата).
Kо-кредитобаратели може да бидат лица кои се членови на потесно семејство (родител, дете, сопруг/а),во спротивно треба да ги задоволуваат следните услови:
Ко-кредитобарателот да е клиент со плата во СБ или
Ко-кредитобарател да е клиент со постоен кредитен производ во СБ или друга банка со добра кредитна историја
За прифатените ко-кредитобаратели (без оглед на тоа дали се членови на потесното семејство или не), 100% од нивните примања и задолжувања влегуваат во пресметките на задолженоста.
Физички лица, резиденти, а се вработени во странство, може да се прифатат како кредитибаратели /ко-кредитобаратели само во случаи кога членови од потесното семејство кои се во редовен работен однос во Р.С.М. се јавуваат како кредитобаратели/ко-кредитобаратели. Воедно важат следниве услови:
Договорот за вработување како и последна годишна даночна изјава доставена до даночен орган во земјата каде е вработен кредитобарателот/ко-кредитобарателот треба да се преведени од овластен преведувач.
Документација
Барање за станбен кредит (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
Фотокопија од лична карта или пасош (за кредитобарателот, ко-кредитобарателите и хипотекарниот должник)
За клиенти кои земаат плата во СБ, потребно е само извод од трансакциска сметка за последните 6 месеци
За клиенти што не земаат плата /пензија во СБ, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од работодавецот (не постара од 30 дена) а по потреба и други документи за доказ за висина 6 на месечни примања.
Извод од матична книга на родени (не постар од 6 месеци)/венчани издаден од Р.С.М (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите).
За обезбедување куќа, земјиштето да биде со право на сопственост или со право на долготраен закуп.
Согласност за доставување на извештај од Македонско кредитно биро АД - Скопје (МКБ) (за кредитобарателот и ко-кредитобарателите)
Друга документација по барање на банката
За купување
Пред договор /договор за обезбеден стан / куќа / деловен простор заверен на нотар
Извод од ДУП или Потврда од општина дека земјиштето се наоѓа во градежен реон (само за купување градежно земјиште)
За сите видови градба (во случај кога како обезбедување се нуди друг објект)
Извод од детален урбанистички план (ДУП)
Правосилно Одобрение за градење
Основен проект завeрен во општина и проектантско биро
Предмер пресметка за позициите за кои се бара кредит
Внесените лични податоци се точни и проверени и согласен сум истите да можат да се регистрираат, обработуваат и зачувуваат во согласност со законите и интерните акти на Стопанска банка АД - Скопје. Согласен сум по испраќањето на податоците да бидам телефонски контактиран од страна на Стопанска банка за комплетирање на апликацијата во телефонски разговор, како и да бидам контактиран и информиран за карактеристиките на производите/услугите на Банката.
Согласен сум Стопанска банка АД – Скопје, да добие извештај за фактичката состојба на моите обврски, исклучиво за целите на ова барање (апликација) за банкарски производи и за времетрањето на неговото користење. Видови на извештај: Минимален извештај, Извештај за пристигнати неплатени обврски, Основен извештај, детален извештај за обврска, Збирен извештај, Мониторинг извештај, Оптимален извештај. Запознат/а сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност превземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплатата на обврската или затварање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност.
Оваа согласност ја давам во согласност со Законот за кредитно биро („Службен весник на РМ“ бр. 81/08 и 24/11) и Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РМ“ бр. 07/05, 103/08 и 124/10).
Согласен сум, доколку платата не ја земам на сметка во Стопанска банка, Банката да може да побара да посетам некоја од филијалите на Банката за потребите на идентификација и/или ажурирање на личните податоци, како и евентуално приложување (во случај на потреба) на дополнителни податоци/документи за кои би бил информиран од Банката.
Согласен сум и информиран дека Банката ги разгледува само апликациите кои се комплетирани и за кои не треба да се приложи дополнителна документација. Согласен сум и информиран за можноста Банката да го одбие моето барањето во согласност со законите во РМ и актите на Банката и/или да побара дополнителна документација и/или проверка и/или да ме повика аплицирањето да го комплетирам со лична посета на некоја од филијалите на Стопанска банка АД - Скопје. Се согласувам Банката да ги користи моите лични податоци со цел да врши проверка или верификација во Кредитниот Регистар и други бази на податоци за целите на воспоставување на деловниот однос, а во согласност со законите и интерните акти на Банката. Изјавувам дека сум согласен Стопанска банка бесплатно да ме информира за износот доспеаните обврски кон банката преку СМС порака на наведениот телефонски број. Потврдувам дека со притискањето на „Аплицирај Сега“ давам моја писмена согласност за горенаведените услови и информиран сум дека истата можам да ја повлечам преку филијалите на Банката или со јавување во Контакт Центарот.