header image header image

Профил на Банката

Профил и Мисија

Профил на Банката

Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија.

ЕМБС на СБ: 4065549

Интернационални кодови

CABLE: STOPBANKA
SWIFT CODE: STOBMK2X
REUTERS DEALING CODE: SBRM
REUTERS MONITOR PAGE: SBMA

Мисија на Банката

Во модерното опкружување, кое е во постојан подем и движење, каде што личните потреби и очекувања се менуваат и каде што клиентите знаат повеќе, бараат повеќе и прават повеќе, Стопанска банка настојува да отвори нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги што соодветствуваат на овие промени и што се лесно достапни со помош на современи дистрибутивни канали.

Со понудата на широка палета иновативни производи и услуги целосно ориентирани кон потребите на клиентот, Стопанска банка се стреми да биде партнер од доверба за своите коминтенти поддржувајќи го нивниот растеж и задоволувајќи ги нивните потреби на лесен и ефикасен начин, со цел од ден во ден да им овозможи остварување на сопствениот потенцијал и максимални животни постигнувања. Истовремено, СБ е посветена на создавање економска вредност за своите акционери, како и позитивно опкружување што ги инспирира вработените на Банката.

Член на:

 

Историја

Стопанска банка АД – Скопје е основана со Решение на Второто вонредно заседание на АСНОМ на 29 декември 1944 година под име Македонска стопанска банка. Со нејзиното основање се поставени темелите на банкарското работење во тогашна НР Македонија и во годините што следуваат речиси не постои позначаен објект, инвестициски или развоен проект што не бил поддржан од Стопанска банка. Историјата на Банката ја одбележуваат сеќавања за тоа како се граделе хидроцентрали, инфраструктурни објекти, фабрички хали, мостови и автопатишта, сеќавања за тоа како растела и се развивала Републиката, а со неа растела и се развивала и Стопанска банка.

Во сиве години на развој и на растеж, Банката се адаптираше на сите карактеристики на општественото и економско уредување, почнувајќи како банка на комунални банки, па здружена банка организирана во филијали, до трансформацијата во акционерско друштво во 1990 година. На почетокот на 2000 година управувачкиот пакет-акции од Стопанска банка АД - Скопје беше откупен од страна на Националната банка на Грција – една од најголемите банкарски групации во Југоисточна Европа. Со овој значителен чекор Банката го продолжи својот растеж и развој во успешна компанија во согласност со светските банкарски стандарди.Како што и секојдневниот живот се состои од предизвици, успеси и тешки моменти, така и Банката во своите многубројни години на традиција се соочи со многу предизвици. На почетокот, предизвикот да се изгради земјата разурната од војна, подоцна да се поддржи економскиот и општествен развој, а во новиот милениум Банката се соочи со, можеби, најголемиот предизвик досега, да се трансформира и преструктурира во модерна финансиска институција организирана во согласност со врвната меѓународна банкарска практика и со тоа да ја поддржи трансформацијата на македонската економија во денешната функционална пазарна економија.

По преземањето од НБГ, Стопанска банка АД - Скопје ја засили својата конкурентност преку интензивно преструктурирање. Банката воведе софистициран информациски систем и нова организациска структура, го исчисти своето кредитно портфолио, воведе стандардизирани процедури за кредитно одлучување, управување на ризиците и на набавките, ја подобри структурата на вработени и стана водечка компанија во земјата во корпоративното управување. Денес, Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најголем број клиенти од населението и од правните лица, Банка со најразвиена мрежа на локации, најголемо портфолио кредитни и депозитни производи и Банка со најголема актива.

Денес, со повеќе од 1 милион клиенти физички лица, со преку 50 проценти од активните компании во Северна Македонија како клиенти, можеме да кажеме дека сме Банка на секое семејство и партнер на речиси секоја компанија во земјава. Со надминувањето на активата од повеќе од 1 милијарда евра станавме дел од групата на најголеми банки во регионот и најголема банка во Северна Македонија.

Иднината на Банката е обврска да продолжиме понатаму со уште поголема посветеност и подготвеност секогаш да го ислушаме, разбереме и поддржиме здравиот бизнис, ефикасно да го алоцираме штедењето и на тој начин да дадеме придонес кон отворањето нови работни места и кон забрзувањето на економскиот развој. Сигурноста останува врвен приоритет и највисока вредност на корпоративната култура на Банката. Преку новите технологии Стопанска банка ќе стане дел од секојдневното живеење и ќе ги пресели своите шалтери во домовите на населението и во канцелариите на претпријатијата. Ќе продолжиме да растеме потпирајќи се на нашето знаење, на новите и напредни технологии и на меѓународното искуство и на искуството на нашиот мнозински акционер, Националната банка на Грција.

Стопанска банка ќе продолжи да биде мост преку кој се поврзуваат традицијата, сегашноста и иднината и останува секогаш да биде на ваша страна.

 

Решенија од НБРСМ

 Народна банка на Република Северна Македонија на Стопанска банка АД – Скопје и издаде:

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.