Тела на корпоративно управување
Одбор за ревизија
Одборот за ревизија е одговорен за разгледување на интегритетот на сметководственото и финансиското известување, разгледување и оценување на системите за внатрешна контрола и други слични активности кои обезбедуваат поддршка на Надзорниот одбор при неговата контролна функција.
Одборот за ревизија се состои од пет члена именувани од Надзорниот одбор со мандат од две години со право на реизбор. Мнозинството членови се членови на Надзорниот одбор, а останатите двајца се независни од кои еден член е и овластен ревизор.
Одбор за наградување
Одборот за наградување му помага на Надзорниот одбор во утврдувањето и следењето на политиката и практиките за наградување на Стопанска банка која ја усвојува Собранието на акционери.
Одборот за наградување е составен од три членови на Надзорниот одбор, од кои мнозинството се независни членови вклучително и Претседателот на телото, именувани од Надзорниот одбор со мандат од 1 година со право на реизбор.
Одбор за управување со ризици
Одборот за управување со ризици на Стопанска банка постојано го следи и оценува степенот на ризик на Банката и го идентификува прифатливото ниво на изложеност на ризици со цел минимизирање на загубите како резултат на изложеноста кон ризик. Одборот се состои од 8 членови чии позиции се утврдени во Статутот на Банката.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на