header image header image

Корпоративно управување

Менаџмент

Управен Одбор 

Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор

Диомидис Николетопулос

КРАТКО БИО

  • Повеќедецениско работно искуство во финанскиски сектор
  • Работно искуство во СБ: од 2009
  • Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на СБ од 2013 година. Претходно беше на позиција на Генерален директор за банкарство на мало, финансиски и оперативни активности во СБ во периодот од 2009 до 2013 година. Пред доаѓањето во СБ, г-динот Николетопулос работел на високи менаџерски позиции во банкарскиот сектор, вклучително Финансиски директор на реномирани грчки банки како што се Eurobank, Aspis Bank и Laiki Bank. Претходно ја гради кариерата во реномираната ревизорска куќа KPMG каде што работи како ревизор во период од 10 години. 
  • Г-динот Николетопулос е магистер по Маркетинг менаџмент од Универзитетот Дерби - Англија и има дипломирано на смерот Бизнис администрација при Универзитетот за економија и бизнис - Грција. 
  • Членства во други одбори и организации

Генерален Директор за корпоративно банкарство, член на Управен Одбор

 


Генерален Директор за банкарство на мало, член на Управен Одбор

Милица Чапаровска - Јовановска

КРАТКО БИО

  • Повеќедецениско работно искуство во финанскиски сектор
  • Работно искуство во СБ: од 1990
  • Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на СБ од 2013 година. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на СБ, успешно ја градеше својата кариера на различни позиции во СБ, вклучително и Директор на Сектор за банкарство на мало и Директор на Сектор за производи.
  • Г-ѓата Чапаровска-Јовановска е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и МБА кандидат на Економскиот факултет при Универзитет Љубљана - Словенија.
  • Членства во други одбори и организации: член на Надзорен одбор на Стопанска Лизинг ДООЕЛ Скопје (од декември 2021 г.)

 

Генерален Директор за управување со ризици, член на Управен Одбор

M-р Бојан Стојаноски

 

КРАТКО БИО

  • Работно искуство во финанскиски сектор: 20 години
  • Работно искуство во СБ: од 2020
  • Генерален директор за управување со ризици и член на Управниот одбор на СБ од 2020 година.
  • Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на СБ, успешно ја градеше својата кариера во Халк Банка АД Скопје на значајни позиции, меѓу кои директор на Сектор за кредитирање, Секторот за финансиско управување и планирање, Секторот за управување со лоши пласмани, Секторот за управување со средства и ликвидност, како и Секторот за маркетинг и продажба. Претходно ја гради кариерата во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје каде што работи како член на Управен одбор и Втор Генерален директор.
  • Г-динот Стојаноски е Магистер по економски науки во областа на финансиски менаџмент, при Економскиот институт, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје

 

 

 

Надзорен одбор

Надзорниот одбор ја усвојува стратегијата и Бизнис планот на Стопанска банка и го надгледува работењето на Управниот одбор и лицата надлежни за функциите на контрола. Надзорниот одбор е составен од седум членови именувани од Собранието на акционери со мандат од четири години со право на реизбор. Најмалку ¼ од членовите на Надзорниот одбор се независни членови.

  1. Маринис Стратопулос - Претседател на Надзорен одбор на СБ
  2. Христодулос Христодулу – член на Надзорен одбор на СБ
  3. Димитра Гудуфа - член на Надзоредн одбор на СБ
  4. Владимир Филиповски - Независен член на Надзорен одбор на СБ
  5. Сашо Ќосев - Независен член на Надзорен одбор на СБ

 

Организациона структура

Стопанска банка е една од најголемите, најпрофитабилни и стабилни системски банки во Република Северна Македонија со високо софицистициран и ефективен систем на корпоративно управување изграден следејќи ги стандардите на НБГ Групацијата, важечкото законодавство во земјата и стратешките потреби на Банката. Одговорно корпоративно управување е највисок приоритет на Стопанска банка кое е во насока на поддршка на реализацијата на Стратегијата на Банката, со висока ефикасност и интегритет.

 

Организациона шема

 

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.