header image header image

Главни коресподентни банки

Листа на банки

БАНКА
SWIFT код
Валута
АВСТРАЛИЈА
COMMONWEALTH BANK OF AUSTRALIA, SYDNEY CTBAAU2S AUD
АВСТРИЈА
UNICREDIT BANK AUSTRIA AG, VIENNA BKAUATWW EUR
БЕЛГИЈА
ING BELGIUM NV/SA, BRUSSELS BBRUBEBB EUR
КАНАДА
THE BANK OF MONTREAL, MONTREAL BOFMCAM2 CAD
ДАНСКА
DANSKE BANK A/S, COPENHAGEN DABADKKK DKK
ФРАНЦИЈА
SOCIETE GENERALE, PARIS SOGEFRPP EUR
ГЕРМАНИЈА
DEUTSCHE BANK AG, FRANKFURT AM MAIN DEUTDEFF EUR
DEUTSCHE BANK AG, FRANKFURT AM MAIN DEUTDEFF SEK
COMMERZBANK AG, FRANKFURT AM MAIN COBADEFF EUR
DEUTSCHE BUNDESBANK, FRANKFURT АМ MAIN MARKDEFF

EUR

COMMERZBANK AG, FRANKFURT AM MAIN COBADEFF

JPY

COMMERZBANK AG, FRANKFURT AM MAIN

COBADEFF

GBP

ГРЦИЈА
NATIONAL BANK OF GREECE S.A., ATHENS ETHNGRAA EUR
NATIONAL BANK OF GREECE S.A., ATHENS ETHNGRAA USD
ИТАЛИЈА
INTESA SANPAOLO SPA, MILANO BCITITMM EUR
НОРВЕШКА
DNB BANK ASA, OSLO DNBANOKK NOK
ШВАЈЦАРИЈА
ZUERCHER KANTONALBANK, ZURICH ZKBKCHZZ80A CHF
САД
DEUTSCHE BANK TRUST COMPANY AMERICAS, NEW YORK BKTRUS33 USD
CITI BANK N.А., NEW YORK CITIUS33 USD

FATCA

Информација за FATCA (Foreign Account Tax Compliance Act)

 

Што е FATCA? На кого се однесува?

Во март 2010 година, американскиот Конгрес го усвои Законот за усогласување на даноците по странски сметки – Foreign Account Tax Compliance Act–FATCA, кој има за цел да го спречи затајувањето на данокот од страна на даночните обврзници на Соединетите Американски Држави (САД) кои имаат сметки во странство. FATCA стапи во сила од 01 Јули 2014 година.

Стопанска Банка АД – Скопје (СБ), како дел од Групацијата на Националната Банка на Грција (НБГ Групација), од 01.07.2014 година започна со имплементација на процедура за идентификација на сите свои клиенти во која покрај усогласеноста со законската и подзаконската регулатива во Република Северна Македонија, ќе се усогласи и со одредбите од Законот за усогласување на даноците по странски сметки (Foreign Account Tax Compliance Act–FATCA).

Принципи на FATCA

Финансиските институции што не се резидентни во САД, како што е СБ, ќе вршат идентификација на клиентите и на годишно ниво ќе доставуваат извештај на даночните органи на САД. Извештајот за идентификацијата на клиентите содржи информации за сметки отворени и одржувани од резиденти на САД, за странски правни лица на коишто вистинскиот сопственик е со САД-индиција како и за клиенти што се класифицирани како “клиенти што не соработуваат”.

Одбивањето на соработка со даночните органи на САД е санкционирано врз основа на законодавството во САД, на начин што ќе се задржува30 проценти од какви било исплати кон САД (камати, дивиденди, кирии, плати, надоместоци на плати, премии, ануитети, компензации и други фиксни или определени годишни или периодични добивки).

СБ како членка на НБГ Групацијата е регистрирана на веб – сајтот на ИРС (даночните власти) на САД со статусот: Participating Foreign Financial Institution not covered by an IGA ипоседува GIIN број – 9D9IVH.00011.ME.807.

Имајќи го во предвид овој статус, финансиските институции треба да ги подготват сите потребни информации што се побарани од даночните власти на САД и да го извршат известувањето согласно одбраниот модел на а Меѓувладин договор кој се склучува помеѓу САД и земјата потписничка.

Следствено, до склучувањето на Меѓувладиниот договор помеѓу Република Северна Македонија и властите од САД, а во согласност со важечката законска рамка во Република Северна Македонија од областа на заштитата на личните податоци и одредбите за банкарска тајна, со цел за заштита и одржување на баланс помеѓу правата на потрошувачите и ризикот од примена на одредбите на погоре споменатото задржување на средствата, СБ Ве известува дека ќе собира податоци во поглед на идентификување / известување за оние клиенти кои се предмет на одредбите на FATCA.

Почнувајќи од 1 Јули 2014 година, Банката од своите клиенти бара информации како што се: можно поседување на државјанство на САД, можно поседување на дозвола за престој во САД, итн. и/или документација што е потребна за утврдување на статусот на клиентот.

Доколку FATCA одредбите се применливи во конкретниот деловен однос помеѓу СБ и Клиентот, СБ ќе побара и изречна согласност на Клиентот за:

употреба/процесирање на личните податоци на Клиентот (вклучувајќи го и оние за лична идентификација) и банкарските и финансиски податоци за Клиентот, за да се усогласи со FATCA законот;
пренос на личните, банкарските и финансиските податоци на Клиентот (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, документи за идентификација на Клиенти што имаат /поседуваат сметки, моментална состојба на сметките на Клиентите, трансакции на Клиентите итн.) до даночните власти на САД (Управата за јавни приходи), ослободувајќи ја Банката од обврската за чување на банкарска тајна согласно важечката регулатива во РМ.
Со цел за постигнување на горенаведените цели, Банката ќе ги обработува личните податоци на наведените лица во целокупното банкарско работење.

Одбивањето на клиентот:

- да ги достави бараните документи/информации до Банката и

- да даде согласност за собирање, обработување и пренесување на личните податоци

во однос на усогласување со одредбите на FATCA, ќе води до неможност за Банката во иднина да ги обезбедува услугите за тие клиенти.

Дополнителни информации за FATCA може да добиете на веб-сајтот на IRS на САД

Повеќе информации во однос на усогласеноста на СБ со FATCA може да добиете со преземање на Потврдата за даночен статус на правно лице (Образец W-8BEN-E) на следниов линк.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.