45-то Собрание на акционери 29.05.2019
Јавен повик
За учество на 45-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка АД - Скопје
Врз основа на член 27 од Статутот на Стопанска банка АД – Скопје (С.О. бр. 339/15.12.2016 година, пречистен текст), Надзорниот одбор на СБ, на седницата одржана на 24.04.2019 година, донесе Одлука за свикување на 45-та седница на Собранието на акционери на СБ (Н.О. бр. 25/29.04.2019 година).
Седницата на Собранието ќе се одржи на 29.05.2019 година (среда), со почеток во 12.00 часот, во седиштето на СБ, Централа, на ул. 11 октомври бр. 7, 1000 Скопје (влез во Градскиот трговски центар).
Врз основа на горенаведеното, за работа на 45-та седница на Собранието на акционери, Надзорниот одбор на СБ го предлага следниот:
ДНЕВЕН РЕД:
1. Избор на Претседавач, нотар и бројач на гласови;
2. Разгледување на Записникот од 44-та седница на Собранието на акционери одржана на декември 12, 2018 година;
3. Донесување на Одлука за измена на Статутот на Стопанска банка АД – Скопје;
4. Утврдување на пречистен текст на Статутот на Стопанска банка АД - Скопје;
5. Донесување на Одлука за именување на член на Надзорен одбор;
6. Донесување на Одлука за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2018 година;
7. Разгледување и усвојување на Ревидираните финансиски извештаи на Стопанска банка АД – Скопје за 2018 година, со писменото мислење од Надзорниот одбор;
8. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Стопанска банка АД – Скопје во 2018 година, со писменото мислење од Надзорниот одбор;
9. Донесување на Одлука за распоредување на добивката за 2018 година;
10. Донесување на Одлука за начинот на пресметување и исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции за втората половина на 2018 година;
11. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2018 година;
12. Донесување на Одлука за назначување на овластено друштво за ревизија за 2019 година;
13. Донесување на Политика за наградување на Стопанска банка АД – Скопје; и
14. Предлог одлука за укинување на повластено право на приоритетните акции издадени од Стопанска банка АД – Скопје и конверзија на приоритетните во обични акции (поднесена од група иматели на приоритетни акции).
Се повикуваат акционерите на СБ да го пријават своето учество на седницата на Собранието со доставување на: писмено овластување издадено од надлежен орган на акционерот (за правни лица) или лично потпишана пријава (за физички лица), најмалку 3 (три) дена пред одржувањето на седницата, а најдоцна во рокот предвиден со Законот за трговски друштва, на горенаведената адреса, со назнака: За Кабинет на Претседател на Управен одбор, или по електронски пат на е-пошта: sobranie@stb.com.mk, со доставување на овластувањето или изјавата во скенирана форма.
Акционерите можат да овластат полномошник, на начин и под услови утврдени со закон на седницата на Собранието со давање на писмено полномошно, за што се должни веднаш да ја известат СБ со писмено известување на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат на горенаведената е-пошта, со доставување на полномошното во скенирана форма.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на јавниот повик за свикување на Собранието, односно најдоцна до 05.05.2019 година, да предложат дополнување на предложениот дневен ред со барање за вклучување нови точки или одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка. Предлагањето точки/одлуки по дневниот ред се врши со писмено известување доставено на горенаведената адреса и назнака или по електронски пат на е-поштата
Предлогот се доставува во писмена/скенирана форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционери(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер(и) правно лице. Заедно со барањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:
1. За акционер физичко лице, се приложува
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и
- Копија од лична карта или пасош.
2. За акционер правно лице, се приложува
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,
- Последна тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 7 дена, и
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.
Акционерите имаат право да поставуваат прашања по точките од дневниот ред. Правото да се поставуваат прашања од акционерите и обврската на друштвото да одговори на поставените прашања може да се ограничи само поради одржувањето на ред во заседавањето и работата на собранието, или преземање активности за зачувување на доверливоста во работењето и деловните интереси на друштвото.
Одговорите на поставените прашања на седница на собранието на друштвото ќе бидат објавени на интернет страната на Банката www.stb.com.mk во форма на прашање и одговор.
Прашањата се доставуваат во писмена форма во оригинал на горенаведената адреса и назнака, или по електронски пат во скенирана форма на е-пошта sobranie@stb.com.mk, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер(и) физичко лице, односно назив, седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот зсатапник на акционер(и) правно лице. Заедно со прашањето акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:
1. За акционер физичко лице, се приложува
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена, и
- Копија од лична карта или пасош.
2. За акционер правно лице, се приложува
- Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите, во оригинал, не постар од 3 дена,
- Последна тековна состојба од Централен регистар во оригинал не постара од 7 дена, и
- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.
Гласањето по точките од дневниот ред се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.
Материјалите по предлог – дневниот ред и останати информации, согласно важечката законска регулатива, ќе бидат во целост достапни на увид на акционерите во Централата на СБ (3 кат, канцеларија бр. 306), секој работен ден од 12:00 до 15:00 часот, а ќе бидат објавени и на интернет страната на Банката www.stb.com.mk од денот на објавувањето на овој Јавен повик.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на