header image header image

Трговска мрежа - POS

POS терминали

Овозможете им на вашите клиенти плаќање со картичка во вашите продажни места и станете дел од трговската мрежа на ПОС терминали кои ги обезбедува Стопанска банка.

  • 180 денари месечен трошок за одржување за ПОС терминали со ПОС промет поголем од 50.000 денари (сметано кумулативно за целиот месец по ПОС терминал);
  • 360 денари месечен трошок за одржување за ПОС терминали со месечен ПОС промет меѓу 20.000 и 50.000 денари.
  • 500 денари месечен трошок за одржување за ПОС терминали со месечен ПОС промет под 20.000 денари.
  • Прифаќање на сите картички VISA/MasterCard/Maestro
  • Online прегледност на детални извештаи за промет реализира преку ПОС терминалите, за секое продажно место
  • 24/7 телефонски поддршка од Контакт центарот 02/3100-109

Предности на ПОС терминал
  • Зголемена продажба
  • Намален ризик од готовина (кеш), ризик од грабежи, безбедносни заштити за чување готовина и сл.
  • Плаќањето е брзо, сигурно и едноставно
  • Го намалувате обемот на готовина во продажните места, намалувајќи го ризикот од грабежи, скапи безбедносни заштити за чување готовината и сл.
  • Продажните места што прифаќаат картички секогаш уживаат поголема доверба и углед кај купувачите

 

Апликација за ПОС терминал

Општи правила и услови

IRF Visa

IRF MasterCard

Кредити и Рати Без камата

POS Терминали


Продажба на Рати БЕЗ камата


Овозможете им на клиентите да плаќаат на рати без камата со кредитните картички издадени од Стопанска банка. Оваа ексклузива можност ја имаат трговците кои користат POS терминали од Банката, а средствата од продажбата на рати да ги добијат еднократно, во целост, или пак на онолку рати на колку е направена продажбата.


Потрошувачки кредити преку трговец


Поднесете барање и склучете договор со Стопанска банка, за да вашите купувачи имаат можност да купуваат на вашите продажни места со брзите потрошувачки кредити на Банката. За повеќе информации и можноста околу идна соработка обратете се во филијалата i-bank store, на кејот на Вардар.



Контакт i-bank store

тел: 02/3295 - 285 или 286
е-пошта: i-bankstore@stb.com.mk
 

Маркетинг соработка



 Трговците имаат ексклузивна можност за маркетинг соработа со Стопанска банка, овозможувајќи попусти и предности на различните сегменти на клиенти – корисници на картички издадени од СБ.



Golden Club


Голден Клуб - goldenclub.stb.com.mk членуваат трговци кои овозможуваат попусти и бенефиции за корисниците на премиум VISA Gold кредитни и дебитни картички издадени од Банката. Доколку продавате ексклузивни производи и услуги, Стопанска банк ви овозможува да ја зголимете вашата продажба станувајќи дел од Golden Club програмот преку кој Банката бесплатно ја промовира попусти и поволности кон најбогатите 10.000 клиенти во државата – корисници на Visa Gold картичките на Банката.


TOPSI


Дел од ТОПСИ www.topsi.mk услугите за млади исто така вклучуваат бројни продажни места кои овозможуваат попусти и зделки за ТОПСИ клиентите (18-28 години). Се што е потребно за да го остварат попустот е да покажат MasterCard ТОПСИ дебитна картичка.

Доколку продавате производи и услуги наменети за помладата категорија на клиенти (до 28 годишна возраст), Стопанска банка ви овозможува да ја зголемите вашата продажба станувајќи дел од ТОПСИ програмот преку кој Банката бесплатно промовира попусти и поволности кон повеќе 80.000 ТОПСИ клиенти на банката (на возраст до 28 години).


Можност за соработка


Се што треба да направите доколку сакаде дашата понуда да биде дел од GoldenClub и ТОПСИ програмите на попусти и поволности – потребно е краток опис на вашата понуда/попуст и контакт податоци да испратите на е-пошта: kontaktcentar@stb.com.mk, на телефон 02/3100 – 109 или во било која од филијалите на СБ и нашите вработени ќе ве контактираат за проверка и вклучување на понудата во рамките на ТОПСИ програмот.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.