header image header image

Платежни услуги со странство

Општи информации

Платежните услуги со странство се вршат согласно Законот за девизно работење, Законот за платежни услуги и платни системи, Упатството за начинот на вршење на платниот промет со странство, Одлуката за начинот на вршење на платниот промет со странство, останатата законска и подзаконска регулатива и интерните акти на Банката.

Приливи од странство - Лоро дознака

  • Потребно е примачот на средствата да има девизна платежна сметка во валута на приливот
  • Ефикасно извршување на приливите истиот ден кога е датумот на валута
  • Банката го известува клиентот – примачот на средствата на денот на валутата или најдоцна следниот работен ден
  • Можност за распоред на приливите во било која филијала на СБ или преку Е-banking сервисот на Стопанска банка

Провизија
  • До ЕУР 50 без надомест
  • 0.10%, минимум ЕУР 5 + ЕУР 2 трошок

Потребни документи

Кредитен трансфер во евра и валута различна од евра во странство

Кредитен трансфер во евра и валута различна од евра во странство

  • За плаќање во странство потребно е плаќачот да има девизна платежна сметка во валутата во која се врши плаќањето
  • Клиентот поднесува на Банката уредни документи за плаќање согласно прописите за вршење на платежни услуги со странство
  • Извршување на платежната трансакција со странство истиот ден кога е примен платниот налог со датум на валута следен работен ден, согласно терминскиот план на налози
  • Брзо и ефикасно извршување на платежната трансакција со странство во сите филијали на СБ или преку Е-banking сервисот на Стопанска банка
  • Поради воспоставената широка мрежа на SWIFT - врски со банки од цел свет, клиентот избегнува дополнителни трошоци

 

Провизија
• До ЕУР 50.00 без надоместок само SWIFT МКД 350
• ЕУР 50.01-50,000.00: 0.27%, мин. ЕУР 4 + SWIFT МКД 350
• ЕУР 50,000.01- 100,000.00: 0.25% + SWIFT МКД 350
• ЕУР 100,000.01-500,000.00: 0.20% + SWIFT МКД 350
• над ЕУР 500,000.01: 0.17% + SWIFT МКД 350

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

 

 

Останати дознаки и плаќања


Условени дознаки
  • Можност за извршување на условени дознаки со враќање на ист износ, исклучиво преку контокорентни банки на СБ
  • Провизија од 0.37% од износот на дознаката минимум МКД 1.100.00
Плаќања/Наплати за корисници во странски банки
  • Ефикасно извршување на плаќањата/наплатите поради отворените сметки во СБ на повеќе странски банки
  • Провизија од 0.10% од износот на дознаката минимум ЕУР 15.00 и
  • до ЕУР 50.00 без провизија само swift трошоци
Чекови влечени на странски банки
  • Провизија од МКД 3.000 однапред платени при превземањето на чекот + 3.00% од износот на чекот минимум мкд 1.000.00 по чек по наплатата на чекот

Документарни инкаса (Документи на откуп)
  • Квалитетна обработка на увозни и извозни:
    • менични инкаса
    • документарни инкаса
    • Правовремено извршување на плаќањето/наплатата по инкасата
Провизија
  • Авизирање на инкасо по видување 0.22% од износот минимум МКД 1.200
  • Авизирање на инкасо со доспевање 0.30% од износот минимум МКД 1.200
  • Наплата на инкасо 0.10% од износот минимум МКД 400
  • Плаќање на инкасо
    • ЕУР 1-50.000: 0.27%
    • ЕУР 50.000,01- 100.000: 0.25%
    • ЕУР 100.000,01-500.000: 0.20%
    • над ЕУР 500.000,01: 0.17% минимум МКД 250
  • Протестирање на инкасо 0.50% од износот минимум МКД 3.000 плус нотарски трошоци
  • Врачување на документи без плаќање МКД 1.200

Термински план

Термински план за извршување на платежни трансакции со странство во Стопанска банка АД - Скопје

 

 

Прием на платежни трансакции

Извршување на платежни трансакции

Хартиени платежни трансакции

Секој работен ден од 8:30 до 14:00 часот

во текот на работниот ден

Online платежни трансакции

Секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот

во текот на работниот ден

Хартиени платежни трансакции

Секој работен ден по 14:00 часот

во текот на следниот работен ден

Online платежни трансакции

Секој работен ден по 15:00 часот и неработни денови во текот на следниот работен ден

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.