header image header image

Платежни сметки

Отворање на сметка

Потребни документи за правни лица што првпат отвораат сметка се:

Клиентите на Банката, кои веќе имаат отворено сметка во СБ потребно е само да ги достават обрасците на СБ.

Отварање на сметки на домашни правни лица во девизи


Домашните правни лица можат да отворат сметки во девизи во сите филијали на Стопанска банка АД - Скопје со кои се покриени речиси сите градови низ Македонија.

За отворање сметки во девизи кoмитентот е потребно да ги достави следниве документи:

  • извод од регистарот каде што се води евиденцијата за правните лица со седиште во Република Северна Македонија , не постар од три месеци, од кој се утврдува: називот, седиштето, дејноста, матичниот и даночниот број на правното лице, во оригинал или копија заверена на нотар,акт од надлежен орган за основање ако правното лице врши регистрирана дејност нема обврска за запишување во регистар,или извод од закон ако правното лице е основано согласно со закон.
  • ЗП образец(заверен потпис на законскиот застапник кај нотар), оригинал
  • оригинал од писмено овластување потпишано од застапникот по закон и лична исправа на лицето што се овластува.

Нерезидентни сметки

Нерезидентни сметки

Нерезиденти сметки може да отворат правни лица регистрирани во странство, хуманитарни организации со седиште во странство, како и дипломатски и конзуларни претставништва и претставништва на меѓународни организации акредитирани во Република Северна Македонија.


Странски правни лица може да отворат платежни сметка во сите филијaли на Стопанска банка АД - Скопје.
Пред да се воспостави деловен однос, клиентот пополнува Questionnaire for expressing intent for establishing business relation with Stopanska banka

Потребни документи за отворање платежна сметка за нерезидент правно лице се следниве:

  • Писмено барање за отворање на платежна сметка и за располагање со средствата на сметката, потпишано од законскиот застапник на правното лице, во оригинал.
  • Апликација за идентификација / ажурирање клиент правно лице со пополнети сите задолжителни податоци, вклучувајќи го и делот за краен сопственик, во оригинал
  • Документи за лична идентификација на законските застапници, овластените потписници и вистинските сопственици на правното лице
  • Документ за регистрација на странското правно лице издаден од надлежен орган, извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во државата во која е регистриран субјектот не постар од 6 месеци, од кој може да се утврди законскиот застапник, датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето и дејноста што ја врши, управители, сопствениците, во оригинал или копија заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава заверена кај нотар или овластена институција во домицилната држава.
  • Документи за утврдување на сопственичка структура
  • Потврда за платени даноци издадена од даночен орган
  • Финансиски извештаи/завршна сметка за последната година
  • Очекувани приливи и очекувани одливи со износи и налогодавачи/ налогопримачи (може на меморандум од фирмата, потпишано од управител)
  • Бонитет од банка во матичната држава
  • Опис на дејноста и опис на активностите на територијата на РСМ/правни и физички лица со кои соработуваат на територијата на РСМ (може на меморандум од фирмата, потпишано од управител).
  • Картон за овластени потписи
  • Рамковен договор за платежни услуги
  • Општи услови и правила за работа со платежна сметка на правни лица и други услуги за правни лица
  • Други документи (Банката има право да побара од клиентот да достави дополнителни документи за проверка и засилена анализа на работењето на странското правно лице)

За нерезидент правно лице - дипломатско претставништво на странска земја или претставништво на меѓународна организација документ издаден од Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија или извод од Централниот регистар на Република Северна Македонија, како и полномоштво на одговорното лице во претставништвото, во оригинал или копија заверена кај нотар.

Наведените документи се доставуваат во оригинал на македонски јазик, преведени од овластен преведувач.
Идентитетот на застапникот по закон и на лицата овластени за располагање со средствата на платежната сметка на правното лице нерезидент се утврдува врз основа на следниве документи:

Располагање со средствата на платежните сметки на нерезидентот правно лице

  • Стопанска банка овозможува трансфер по налог на нерезидент во девизи и во денари во согласност со законските прописи во земјата
  • Уплати и исплати во ефектива и во денари во согласност со законските прописи во земјата

Ажурирање на документација


Во согласност со одлуката за начинот и за условите за отворање и за водење сметки на нерезиденти, документите за идентификација и за регистрација на клиентите нерезиденти правни лица задолжително се ажурираат најмалку еднаш во текот на една година, со презентација на извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот не постар од 6 месеци, од кој ќе може да се утврди дека правното лице работело во континуитет во периодот по отворањето на сметката, односно од периодот на последното ажурирање.

Доколку клиентот нерезидент правно лице по истекот на една година не ја обезбеди потребната документација за ажурирање, како и доколку на платежните сметки во банката нема промет повеќе од две години, банката постапува во согласност со важечката регулатива, која во моментот предвидува блокада на сметките.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.