

Дигитално банкарство
e-commerce
e-commerce
Општи информации
Електронска трговија (e-commerce)
Е израз на современиот начин на живење кој продажбата преку Интернет ја прави едноставна и достапна во секој дом, насекаде во светот.
Едноставноста во купувањето преку глобалните картични брендови Visa & MasterCard, достапноста во секој дом и на секое место како и релативно ниските трошоци за одржување (споредено со продажбата на физички локации) ја прават Интернет Трговијата најбрзо растечки бизнис во светски рамки кој континуирано бележи зголемување во секоја земја во светот.
- Сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка е наменет за правните лица кои имаат сметка во Банката (или планираат да отворат).
- Сервисот на Стопанска Банка овозможува продажба на производи и услуги во земјата и светот преку платежните картички кои го носат брендот на Visa или MasterCard/Maestro.
- Сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка се карактеризира со исклучителна едноставност во техничката имплементација на веб страната на клиентите (правни лица) и високо ниво на техничка подршка.
- Сервисот доаѓа во пакет со останатите професионални услуги на банката во делот на водењето на сметка, денарски и девизен платен промет и е-банкинг, како и детални извештаи за реализираните плаќања преку сервисот за електронска трговија.
- Дел од активните e-commerce трговци кои го користат сервисот на Стопанска банка можете да ги погледнете тука.
Ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши измена во надоместоците за правни лица кои прифаќаат платежни картички преку сервисот за електронска трговија.
Измените се во месечниот надомест за одржување на ПОС терминали при што износите од 1 март ќе изнесуваат:
- 180 денари месечен трошок за одржување на e-commerce сервисот со промет поголем од 80.000 денари;
- 380 денари месечен трошок за одржување на e-commerce сервисот со ПОС промет меѓу 20.000 и 80.000 денари.
- 500 денари месечен трошок за одржување на e-commerce сервисот со ПОС промет под 20.000 денари.
- 1000 денари месечен надомест, независно од прометот преку e-commerce сервисот, овозможен за: recurring, card on file или custom css дополнителни функционалности.
- 1500 денари месечен надомест, независно од прометот преку e-commerce сервисот, овозможен за: pay by link дополнителна функционалност (со примена од септември 2025 г.)
- 2000 денари месечен надомест, независно од прометот преку e-commerce сервисот, овозможен со API функционалност.
Корисниците на сервисот за електронска трговија на својата веб страна задолжително треба да ги постават ознаките на VISA и MasterCard и логото на Стопанска банка.
- Лого Стопанска банка
- Лого Виза
- Лого Мастеркард
Покрај можноста за склучување на договор со Стопанска Банка, сервисот за електронска трговија на Банката може да го користите и на посреден начин, преку реализирање на соработка со некоја од компаниите кои соработуваат со Банката и можат да ви понудат и изработка на комплетно веб решение за електронска трговија:
- Компанијата iVote е комплетно решение за електронска трговија. Повеќе информации за реализација на соработката може да добиете на: contact@ivote.mk.
- Во соработка со УКИОН, брзо и едноставно може да започнете со интернет продажба. Се е вклучено во цената на пакетите и поврзано со вашата сметка во Стопанска банка АД - Скопје. Повеќе информации на веб страницата: www.ukion.mk, e-пошта: info@ukion.mk или на +389 70/787-850.
- Развивајте го вашиот бизнис и започнете со интернет продажба веднаш со помош на Serafimov Group. Повеќе информации на веб страницата serafimovgroup.mk или на 071/345-888
Поднеси барање
Доколку сте заинтересирани за користење на сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка, доволно е да пројавите интерес на e-mail:
Пополнете го барањето и доставете го во прилог ( attachment ) на меил адресата e-commerce@stb.com.mk по што целата комуникација продолжува по електронски пат се до потпишување на пријавата за користење на сервисот. Потпишувањето се прави во некоја од филијалите на банката.
Барање
BuySafe, PaySafe материјали од кампања
Знај го твојот производ.
Знај го твојот клиент.
Имплементирај безбедни начини за плаќање.
Користи доверливи системи за достава.
Чувај ги податоците да бидат безбедни.
Овие, и други корисни информации и совети од кампањата #BuySafePaySafe #SellSafe се достапни на линковите подолу.
Заедно со Еуропол, МВР и MRC од 10. 11. 2020 година одбележуваме недела на подигнување на свеста за измами при купопродажба на интернет.
Pay by Link
Што е Pay by Link?
Pay by Link е e-commerce услуга која им овозможува на продавачите да генерираат уникатни линкови за плаќање и да ги испраќаат до купувачите преку различни канали како е-пошта, СМС пораки, апликации за пораки или дури преку социјални мрежи. Ова е модерно решение за трговците кои сакаат да обезбедат едноставно, брзо и сигурно плаќање, без потреба од сложена техничка интеграција на онлајн продавница.
Клучни Карактеристики на Pay by Link
- Продавачите можат да креираат линкови со детали за секоја трансакција, вклучувајќи ја сумата за плаќање и описот на производот или услугата. Линковите се уникатни за секој купувач и може да бидат временски ограничени за дополнителна сигурност.
- Прилагодлива употреба
Овие линкови може да се користат за различни сценарија, како на пример за:
- Онлајн нарачки преку социјални мрежи.
- Плаќање по фактури.
- Продажба без постоење класична веб-продавница.
- Услугата ги исполнува сите високи стандарди за безбедност како што се употребата на SSL/TLS протоколи и 3D Secure стандардот за заштита на податоците на купувачите.
- Интеграција со повеќе канали за комуникација, односно корисниците на услугата можат да испраќаат линкови преку СМС, е-пошта, или апликации како WhatsApp, Viber и други, овозможувајќи флексибилност и поголем опсег на купувачи.
Кому му е наменета услугата?
- Pay by Link е идеално решение за малите и средни фирми кои немаат ресурси за креирање и одржување на напредни е-commerce платформи. Ова им овозможува на продавачите да започнат со онлајн продажба веднаш, без техничка експертиза.
- Слободни професии и индивидуални продавачи како што се: лекари, адвокати, консултанти и други професионалци можат да користат Pay by Link за едноставно фактурирање на своите клиенти.
- Трговци преку социјалните мрежи, продавачите кои нудат производи преку Instagram, Facebook, или други платформи можат да испраќаат линкови за брзо и лесно плаќање.
- Компании кои работат на интернационално ниво, кои Pay by Link e-commerce услугата може да ја користат за прифаќање и наплата од клиенти ширум светот.
Предности на Pay by Link
- Лесна имплементација – овој модел на e-commerce услуга не бара техничка интеграција или веб-продавница. Генерирањето на линковите се врши преку едноставен интерфејс кој може да биде дел од банкарска апликација или посебна платформа
- Глобална достапност - купувачите можат да вршат плаќања од било каде и на било кој уред со интернет пристап.
- Флексибилност - може да се прилагоди за различни деловни потреби, од продажба на индивидуални производи до собирање на месечни претплати.
Недостатоци и Ограничувања
- Ограничено за сложени трансакции
За компании кои имаат потреба од многуфункционални онлајн продавници, ова решение може да биде премногу едноставно. - Зависност од трети платформи
Услугата често бара користење на платформи од трети страни, што може да резултира со дополнителни такси. - Доверба на купувачите
Некои купувачи може да бидат претпазливи во однос на кликнување на линкови за плаќање, особено ако линкот не е испратен преку официјален канал.
Pay by Link е флексибилно, економично и едноставно решение за бизниси од различни големини, особено за оние кои сакаат брзо да влезат во светот на е-commerce. Со своите прилагодливи карактеристики и високо ниво на сигурност, оваа услуга може да биде идеален избор за мали и средни компании, слободни професионалци и трговци на социјалните мрежи.
Сепак, поголемите компании или оние со сложени потреби можеби ќе бараат понапредни решенија. Иднината на „Pay by Link“ се очекува да вклучува поголема автоматизација, поддршка за повеќе јазици и валути, како и подобрена аналитика за кориснички искуства
Најчесто поставувани прашања
Подемот на електронската трговија во Северна Македонија настана токму со појавата сервисот за електронска трговија на Стопанска Банка, како комплетно решение кое уште во самиот го препознаа и започнаа да го користат најголемите компании во оваа област. Токму затоа близу 50% од вкупниот промет во електронската трговија во земјата се реализира преку Стопанска Банка.
Заштедува време, овозможувајќи купување/плаќање/нарачка во било кое време (24/7) од било кое место во земјата или странство; Овозможува пласман на производите на целиот пазар во земјата, регионот или целиот свет; Овозможува поголема транспарентност и споредливост на карактеристиките на производите и услугите кои се продаваат/нудат; Овозможува пониски трошоци за продажба во однос на продажбата на производи и услуги преку физичка локација (продавница или претставништво), како и поедноставна администрација и можност за управување со залихите по принципот точно на време (just in time).
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на