header image header image

Деловен e-banking

Функционалности


Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, да извршувате финансиски трансакции или да вршите увид во состојбите и извештаите за сметки на вашето правно лице.

НОВОСТИ
  • Можност за реализација на платни налози и со мобилната апликација на СБ користејќи М-токен
  • Можете самостојно да направите распоред на пристигнат девизен прилив без посета на филијала

Предности
  • Достапен на сите пребарувачи (Google Chrome, Mozilla Firefox, Edge)
  • Заштедувате време и трошоците за патување до Банката
  • Пристапот до Вашите финансии 24 часа на ден, 7 дена во неделата
  • Едноставно користење
  • Бесплатен пристап и повластени провизии за трансакции – до 70% пониски од оние на шалтер
  • Интерно развиено решение кое гарантира максимална безбедност на Вашите финансии

Функционалности
  • Следење на состојбата на сметките
  • Следење на трансакциите преку сметките
  • Преземање на изводите од сметките
  • Плаќање по повеќе основи со налог ПП-30
  • Плаќање на обврски кон трезорска сметка ПП-50
  • Процесирање на плати за вработените со ПП-53
  • Плаќање кон странство во девизи со налог 1450
  • Купување и продавање на девизи на e-banking
  • Креирање на сопствени шаблони за најчесто користените налозите

Информација за регистрација на вистински сопственик

Начин на пријавување

 

Правно лице со денарски и/или девизни сметки во Стопанска банка може да стане корисник на i-bank сервисот во чии рамки се вклучени електронското и мобилното банкарство.

Преку i-bank сервисот за правни лица – регистрирани клиенти на Банката, Банката како давател на услугата, на корисникот му овозможува:

  • Кориснички пристап
  • Издавање дигитален сертификат, односно прифаќање на дигитален сертификат издаден од овластен Издавач на сертификати за користење на електронското банкарство на Банката
  • Активирање и овозможување користење на М-токен
  • Увид во состојбата на платежната сметка/ки на Корисникот во Банката
  • Вршење на платежни трансакции кои ги овозможува Банката, во рамките на дефинираниот лимит
  • Информации и извештаи поврзани со банкарските услуги на Корисникот

Со Пријавата за користење на услугите на i-bank сервисот, законскиот застапник на правното лице ги овластува лицата кои ќе можат да имаат увид во состојбата и извештаите на сметките на правното лице (web финансиски информации) и/или оние кои ќе можат да внесуваат и/или потпишуваат налози за плаќање по електронски пат. Само оние лица кои се овластени потписници на сметката можат да бидат и овластени за потпишување по електронски пат. За нив Стопанска банка може да им издаде дигитален сертификат на USB уред или М-токен*.

Пополнета и заверена Пријава потребно е да ја доставите во најблиската филијала на Стопанска банка каде ќе се заврши целосниот процес за пријава на корисникот за i-bank сервисот. Ве очекуваме!

*наменето за поединечни потписници и за налози во рамките на дефинирани i-bank лимити како за физички лица

Термински план и трошоци

Плаќањата преку e-banking системот за физички лица на сметки во Банката се БЕСПЛАТНИ, а правните лица го користат системот со значајно намалени тарифи.

Термински план и провизија за плаќања за правни лица во работни денови:

 

Платен систем

од Понеделник до Петок

Сабота

Провизија

Интерен систем на СБ

од 07:45 до 18:00 часот

од 07:45 до 14:00 часот

 10,00 ден по налог

 

КИБС

од 07:45 до 14:20 часот

/

23,00 ден по налог

 

МИПС

од 07:45 до 16:15 часот

/

120,00 ден. по налог

ПП53 налог

од 07:45 до 14:00 часот

 

Интерен: 5,00 ден. по налог

КИБС: 20,00 ден. по налог

МИПС: 85,00 ден. по налог

Активност преку дигиталните канали за мали компании

100,00 ден. месечно

Aктивност преку дигиталните канали за средни и големи компании 200,00 ден. месечно
Посебни (специфични) услуги
500,00 ден. трошок

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.