Депозитни производи
За правни лица
Стопанска банка АД - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Покрај традицијата исполнета со пораст, развој и успех Банката како членка на најголемата групација во Југоисточна Европа – Националната банка на Грција нуди сигурност и стабилност за вашите депозити и конкурентна предност за вашиот бизнис.
Остварете дополнителен приход со орочување на вашите слободни парични средства, по конкурентни каматни стапки, на флексибилни рокови и во согласност со вашите можности. Производите што ги нудиме се целосно прилагодени на вашите потреби и барања кои постојано ги следиме и применуваме во нашето работење.
Општи информации за депозитите
- Депозитот може да биде денарски или во странска валута, со или без намена
- Рокови на орочување за денарски депозити: кратки рокови до 1 месец и рокови од 1 месец до 36 месеци
- Рок на орочување за депозити во странска валута: од 1 месец до 24 месеци
- Каматните стапки за сите видови депозити се утврдуваат со Одлуки за каматни стапки на Стопанска банка АД – Скопје
- Исплатата на камата се врши на денот на достасување на депозитот или месечно, во зависност од барањето на клиентот
- Располагање со депонираните средства е можно во моментот на достасување на депозитот, односно со завршување на периодот на орочувањето или предвреме во согласност со условите на Банката
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
За дополнителни информации обратете се на