header image header image

Катче за корисници

За кредитни производи

Стопанска банка АД - Скопје нуди богат избор на кредитни производи прилагодени на потребите на клиентите:

 

  • Револвинг кредитни производи. Кај овие производи Банката одобрува кредитна рамка која клиентот ја користи согласно потребите во целост или делумно. Притоа, камата се пресметува и наплаќа само на искористениот износ од кредитната рамка. Рокот на користење на производот зависи од желбите на клиентот кој исто така може да одлучи да го намали или зголеми износот на кредитната рамка која сака да ја има на располагање. Одберете еден од овие производи:
  • Ненаменски потрошувачки кредитни производи со еднакви месечни ануитети. Кај овие кредитни производи клиентот бара одреден износ на кредит кој го добива на располагање на својата трансакциска сметка. Клиентот исто така избира рок на отплата и притоа се води од месечниот ануитет кој ќе треба редовно месечно да го плаќа до истекот на избраниот рок на отплата. Дополнително разликуваме кредитни производи со и без обезбедување.
  • Станбени кредити - овие кредити се наменски односно одобрените средства се исплаќаат на сметката на продавачот на недвижниот имот или на градежната компанија ангажирана за изведба на објектот. Клиентот избира износ на кредит и рок на отплата а неопходно е и учество за комплетирање на финансиската основа.

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.