header image

Апликација за идентификација

Барања за регистрирање

 

 

16.07.2018

Известување за промени во начинот на идентификација на клиенти

Ве известуваме дека од 07.07.2018 година со влегувањето во сила на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, поради што се воведуваат следниве промени во работењето на  Стопанска банка АД – Скопје:

- Согласно одредбите од споменатиот Закон, се воспоставува потеба од задолжителнa идентификација на “Носител на јавнa функциja” поради што сите постоечки и идни клиенти на банките задолжително мора да пополнат Изјава дали се Носители на Јавна Функција или се лица поврзани со Носители на Јавна Функција (Политички изложени лица), по што Банката врз основа на соодветна проценка на ризик одлучува за одобрување/продолжување на деловниот однос со лицето.

- Се воспоставува задолжителна идентификација и регистрација на сите физички или правни лица што сакаат да направат/ извршат каква било трансакција/ услуга од Банката. Идентификацијата и верификацијата се вршат со приложување на соодветна документација издадена од надлежен државен орган (важечка лична карта/пасош за физички лица; тековна состојба не постара од 3 месеци за правни лица) а регистрацијата на новите клиенти се врши со целосно пополнета Апликација за регистрација/ ажурирање на клиент (физичко и правно лице) која е достапна на веб страницата

- Се воспоставува задолжителнa идентификација и верификација  на  “вистински сопственик” на правно лице како задолжителен предуслов без кој Банката не може да воспостави/продолжи деловниот однос.

 

*НОСИТЕЛ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА

Дефиниција за носители на јавна функција и/или лица поврзани со нив согласно важечката законска регулатива во РСМ:

”Носители на јавни функции” се физички лица на кои им е или им била доверена јавна функција во Република Северна Македонија или во друга држава, како:

  1. претседатели на држави и влади, министри и заменици или помошници министри,
  2. избрани претставници во законодавната власт,
  3. судии на врховни или уставни судови или други носители на високи правосудни функции против чија одлука, освен во исклучителни случаи, не може да се користат правни лекови,
  4. членови на органи на управување на супервизорски и регулаторни тела и агенции, државна ревизорска институција и членови на одбор на централна банка,
  5. амбасадори,
  6. офицери од висок ранг во вооружените сили (чинови повисоки од полковник),
  7. избрани и именувани лица согласно закон и членовите на органите на управување и надзор на правни лица основани од државата,
  8. лица со функции во политички партии (членови на извршните органи на политичките партии),
  9. лица на кои им е или им била доверена истакната функција во меѓународна организација, како: директори, заменици директори, членови на управни и надзорни одбори или други еквивалентни функции и
  10. градоначалници и претседатели на совети на општини.

За носители на јавна функција од точка а) до ѕ) се сметаат лицата најмалку две години по престанокот на извршување на јавната функција, а врз основа на претходно спроведена проценка на ризик од страна на субјектите.

Поимот „носители на јавни функции“ вклучува и:

  • Членови на семејството на носителот на јавна функција, и тоа:
    1. брачен другар или лице со кое носителот на јавна функција е во вонбрачна заедница,
    2. деца и нивни брачни другари или лица со кои децата на носителот на јавна функција се во вонбрачна заедница или
    3. родители на носителот на јавна функција.
  • Лице кое се смета за близок соработник на носителот на јавна функција е физичко лице:
    1. за кое е познато дека има заедничка правна или вистинска сопственост врз правно лице, има склучено договори или воспоставено други блиски деловни врски со носителот на јавна функција или
    2. кое е единствен вистински сопственик на правно лице или правен аранжаман за кое е познато дека се основани во корист на носителот на јавна функција.

 

Апликација за идентификација / ажурирање на клиент – физичко лице
Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.