Заштита од онлајн измами
12. 10. 2023
Заштита од онлајн измами
Почитувани клиенти и соработници,
Овие денови актуелна е измамничка кампања, под закрилата на лажна веб страница која испраќа СМС и e-mail пораки поврзани со наводна “погрешна адреса“ и “вратена пратка“ со линк кој понатаму бара да се внесат лични и финансиски податоци. Не кликајте на линкот доколку не сте ја побарале таа услуга!
Се работи за актуелни злоупотреби преку кои со користење на методи на социјален инжењеринг се наведуваат клиентите да внесат односно споделат податоци за платежни картички на лажни веб страни. Покрај тоа дополнително се побарува споделување на кодот за верификација наменет за комплетирање на трансакција преку интернет. На овој начин целосно авторизирајќи ја трансакцијата со ОТП код а верувајќи дека “лажната” веб страница (на пр. Пошта) е легитимна со што им помагате на криминалците да пристапат до вашите финансии!
За заштита од вакви и слични злоупотреби, Стопанска банка ви советува:
- Никогаш не кликајте и НЕ внесувајте податоци за картичка и ОТП код на добиени линкови преку СМС, e-mail
- Користете ја функционалноста преку дигиталното банкарство на Стопанска банка, m-banking или e-banking, за поставување на трансакциски лимити за различни видови на плаќања (интернет, АТМ, трговија, во МК или страннство) или да извршите блокирање на картичката
- Правете редовни проверки на изводи од сметките и картичките
- Промоциите и празниците (Black Friday, Cyber Monday, Нова Година и сл.) се интересни за ваков вид на криминал! Бидете внимателни на која веб страна пазарите – Купувајте преку интернет само на веб страници кои имаат системи за целосна автентикација (како што се Verified by Visa/MasterCard Secure Code) и кои содржат „https“ на почетокот на адресата
- Доколку се сомневате на можна злоупотреба, блокирајте ја веднаш платежната картичка преку дигиталното банкарство и/или јавете се на телефонот на Контакт Центарот (02)3100 109, достапен 24/7.
За жал, со развојот на технологијата покрај позитивните промени се појавуваат и вакви криминални активности, па потребно е да се настапува будно, трезвено и со големо внимание при споделување на сите видови лични податоци.
На веб страницата на Банката во делот Картички се наоѓа сегмент за Безбедност при купување на интернет со корисни и едукативни содржини кои можете да ги користите во секое време.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна