header image

Засадени 36 високи садници во Градскиот парк

 

Како дел од активностите поврзани со кампањата за поголема велосипедска култура #ВозиПравоВозиЗдраво, Стопанска банка АД - Скопје донира изградба на нов pumptrack велосипедски полигон во Градскиот парк во Скопје на површина од 2.850м2.

Додека патеката е во изработка, а поради временските услови градежните работи привремено мируваат, Банката во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило засади 36 високи садници - елки кои претходно украсуваа дел од нашите скопски филијали за Новогодишните празници. Со тоа, покрај грижата за добар изглед на новиот pumptrack полигон, Банката придонесува кон трајно зазеленување на површини во Скопје. Овој симпатичен проект ќе се повтори и следните години во Скопје, но и во градовите низ Републиката каде што Банката е присутна.

#ТОПСИ Полигонот и просторот околу ќе бидат хортикултурно уредени со што Градот ќе добие ново катче погодно и за рекреација и за семејна забава на отворено. Ваквите содржини ги збогатуваат опциите на жителите да поминуваат повеќе време на отворено, настрана од булеварите и градскиот метеж. Секако, полигонот е можност помладите велосипедисти да научат подобро и повешто да го користат велосипедот на безбедна, заградена површина а притоа помагаме да се подигнува свеста дека велосипедот покрај за рекреација може и треба се повеќе да се користи како превозно средство.

Комплетирањето на проектот и негова промоција се планирани за првите потопли недели во годината.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.