header image

Започна акцијата „Зелен ѕид“

26. 11. 2022

 

Започна акцијата „Зелен ѕид“

 

Со денешната акција во центарот на Градот, Стопанска банка АД - Скопје ја најави својата најнова општествено одговорна активност која го носи работниот наслов „Зелен ѕид“.

Во рамки на оваа активност, Банката ќе обезбеди за Скопје повеќе од 1.200 високи, млади дрва и истите со помош на стручните служби од Градот ќе ги посади на пешачката патека долж кејот на Вардар во неколку фази во следните 2 години.

За почеток, младите вработени и младите менаџери од Банката заедно со своите семејства засадија мал парк со високи стебла од видот јапонски цреши на локацијата покрај мостот „Мајка Тереза“ во центарот на Градот. Приликата да се учествува во оваа инвестиција во нашата животна средина и планирањето на градското зеленило на долг рок, беше одлично прифатена од вработените а посебен придонес за доброто расположение даде и пријатното сончево време.

Акцијата „Зелен ѕид“ продолжува веќе следната недела кога ЈП Паркови и зеленило ќе почне да ги засадува првите 350 стебла млади дрва од повеќе автохтони видови на планираниот потег долж кејот на реката Вардар.

Секој чекор направен во правец на зголемување на зеленилото во урбаните средини придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот и ја подобрува животната средина за сите. Токму затоа, Стопанска банка АД - Скопје го започнува проектот, со поддршка од своите вработени во создавање подобро утре за сите.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.