header image

За убави маалски дружби, нов сквер пред платото на Општина Центар, донација од Стопанска банка

19. 6. 2024

За убави маалски дружби, нов сквер пред платото на Општина Центар, донација од Стопанска банка

 

„За убави маалски дружби“, Општина Центар доби нов сквер како донација од Стопанска банка - АД Скопје. Скверот е пред платото на Општина Центар на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ и вклучува футуристичка инсталација т.н. „урбан атрактор“. Оваа урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди се протега на површина од 56 метри квадратни. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски заедно со г. Бојан Стојаноски Генерален директор за управување со ризици и Член на управниот одбор при Стопанска банка АД - Скопје го отворија новиот сквер порачувајќи дека ова катче ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.

„Ме радува што Дебар Маало добива нов сквер каде граѓаните и останатите минувачи ќе може да одморат. Овде има и паркинзи за велосипеди, па е одлично место за мала пауза од возењето или додека ги завршуваат обврските во околината. Слоганот „За убави маалски дружби“ доволно кажува дека скверот е ново место за дружење и социјализација и во вечерните часови, бидејќи ќе биде осветлен. Се надевам дека граѓаните и младите ќе го чуваат, со цел да го имаме и користиме сите ние подолго време“ вели Герасимовски.

„Маалото е институција која треба да се негува, а маалските дружби играат голема улога за поголема приврзаност со домот и со соседите. Инспирацијата за оваа невообичаена урбана скулптура и сквер доаѓа од нашата традиција, веќе 80 години заедно да ја испишуваме најубавата приказна – ДОМА. Благодарни сме на Општина Центар за остварената соработка со нашиот тим како и на архитектонското студио за ова впечатливо здание.“ изјави Стојаноски.

Скверот е авторско дело на архитектонското студио БМА и Бесиан Мемети, архитект.

Стопанска банка АД - Скопје продолжува и понатаму да создава трајни вредности за заедницата од која потекнува преку своите општетствено одговорни активности во партнерство со граѓанскиот сектор и локалната самоуправа.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.