header image

ВПВЗ vol. 4

21.05.2018

 

#ВозиПравоВозиЗдраво vol. 4

ПОВТОРНО НЕ ОБЕДИНУВА НА ТРКАЛА :)

 

 

03.06.2018 (недела) со старт во 11 часот на Порта Македонија.

 

 

БЕСПЛАТНА РЕГИСТРАЦИЈА ТУКА 

 

 

Со гордост го најавуваме четвртото издание на веќе добро познатата ревијална трка „Вози право, вози здраво“ по улиците на Скопје со која сите, како заедница, дејствуваме за подигнување на свеста за користење на алтернативни форми на транспорт.

Возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не загадува, помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата на животната средина а притоа е многу забавно и здраво и на индивидуално ниво.

 

Затоа, подгответе си ги ролерките, стегнете ги велосипедите, качете се на тротитентите или скејтовите а можете дури и со вашите колички со бебиња и придружете ни се накратко да го ослободиме центарот на Скопје од автомобили и да се возиме по слободните широки улици заедно.

 

И оваа година, со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства.

 

Следете ги информациите за ВПВЗ на Facebook или на нашата веб страница.

 

Се гледаме на 03.06. недела. Старт пред Порта Македонија од 11 часот.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.