header image

Впечатоци од седмото издание на „Вози право, вози здраво“

29. 5. 2023

 

Впечатоци од седмото издание на „Вози право, вози здраво“

 

Во одлично расположение и покрај променливите временски услови зад нас го оставаме седмото издание на Вози право, вози здраво!

Ниту променливото време и најавите за дожд не ги спречија граѓаните вчера по седми пат масовно да излезат на скопските улици со своите алтернативни превозни средства за да бидат дел од седмото издание на настанот „Вози право, вози здраво“. Веќе традиционалниот настан во организација на Стопанска банка АД-Скопје обедини 8.000 учесници од сите возрасни категории кои дојдоа со своите велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, а некои и со колички за бебе, па релаксирано се возеа од Порта Македонија до Градскиот парк и ја поддржаа мисијата на Стопанска банка за промоција на велосипедот како урбана форма на транспорт, со цел стекнување здрави навики и подобра животна средина.

Настанот почна во 11 часот од Порта Македонија, од каде што долгата, непрегледна колона учесници ги „зазеде“ градските улици кои вчера беа целосно ослободени од автомобили. Насмевките и задоволството се читаа на лицата на сите. На финишот во Градски парк учесниците ги пречека освежување, сладолед и грицки како и голема забава со водителите Игор, Дени и Цако, со омилените јунаци од 5+ Фамилија, бројни активности реализирани од Баскерфест како: улични акробати, спортски активности, артисти, музика подароци и многу вредни награди од богатата лотарија.

 

На најсреќните учесници на #ВПВЗ им беа доделени 50 награди и тоа:
вредносен ваучер од 12000денари кој како прва награда го обезбеди Град Скопје а на насатанот го додели Секретарот Зоран Глигоров, по што следуваа 49 награди од Стопанска банка: 7 велосипеди за возрасни Specialized, 7 детски велосипеди Specialized, 7 кациги Specialized, 7 Air pods, 7 Garmin часовници, 7 спортски ранци и 7 JBL слушалки.
Дел од посетителите имаа можност и добија над 200 утешни награди, како маици, ТОПСИ платенени торби и шишиња за вода.


Како и секоја година, Стопанска банка го заокружува изданието на „Вози право, вози здраво“ со донација за изградба и одржување на велосипедската инфраструктура, активности што ќе ги најави и реализира повторно во соработка со Град Скопје. Минатогодишното издание на „Вози право, вози здраво“ резултираше со донација за 15 средни училишта во Скопје кои Стопанска банка ги опреми со модерни паркинзи за велосипеди наменети за учениците и вработените во училиштата. Од изминатите изданија на настанот, Банката донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон и ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack. Секако, Банката делува и надвор од овие донации опремувајќи ги сите свои филијали со паркинзи за велосипеди кои се достапни на јавноста за постојана употреба.

 


„Вози право, вози здраво“ е настан кој масовно ја шири велосипедската култура и ги промовира алтернативните начини на превоз во урбани средини со кои се чува животната средина. Мисијата на Стопанска банка не завршува со овој настан, туку трае во текот на целата година преку серија активности насочени кон зачувување на здравата животна средина.

Фотографии од настанот како и заокружено видео од сите активности ќе бидат наскоро достапни на профилите на социјалните мрежи од каде најлесно може и да се споделуваат.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.