header image

Вози од срце - кампања по повод 75 години од основањето

28.05.2019

 

Вози од срце - кампања по повод 75 години од основањето

 

Почитувани,

 

во текот на 2019та година, Стопанска банка АД - Скопје одбележува 75 години од основањето. Како Банка со најдолга традиција Стопанска банка АД - Скопје има свој придонес во голем број инфраструктурни и проекти суштински за нашата економија, но и голем број секојдневни, семејни и индивидуални проекти кои значеле остварување на соништа, планови и амбиции. Со своето присуство ширум Републиката, со годините посветени на запознавање на своите клиенти, со постојаното инвестирање во нови производи и услуги, остануваме верни на нашиот слоган „на ваша страна“ и растеме заедно.

 

Токму овој значаен јубилеј, Банката сака да го прослави сплотено со заедницата преку разновидни проекти во текот на годината. Како централен дел од прославата на годишнината, креиравме кампања посветена на срцата. Вози од срце е кампања повик да внимаваме повеќе на здравјето на нашите срца, на животната средина и на сообраќајниот метеж - едноставно, преку редовно користење на велосипедот како превозно средство. Целта која ја поставивме е заедно да извозиме 1.000.000 километри, од срце. За крај, кога оваа голема цел ќе биде постигната, Стопанска банка АД - Скопје ќе ги преточи километрите во медицинска опрема, донација за Универзитетската клиника за детски болести, оддел за кардиологија. На тој начин, ја заокружуваме кампањата и заедно помагаме за срцата на децата.

 

 

 

 

 

 

 

Дознајте повеќе на за проектот на voziodsrce.mk и приклучете се во најголемата вело-кампања досега :)

 

Видеото од кампањата

 

 

Стопанска банка АД - Скопје

75 години на ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.