Внимание - лажна анкета
7. 11. 2024
Внимание - лажна анкета
Почитувани клиенти,
На социјалните мрежи Facebook и Instagram се појави лажна анкета во име на Стопанска банка АД - Скопје во која од корисниците се бара да ги внесат своите корисничко име и лозинка и да ја потврдат својата сметка, а за возврат ќе добијат паричен надомест.
Анкетата е ЛАЖНА и не е во организација на Банката. Станува збор за обид за прибирање на лични, сензитивни податоци за што Банката веднаш ги извести одговорните институции.
Стопанска банка не спроведува никаква анкета за своите корисници и никогаш не ги бара нивните лични податоци преку социјалните мрежи. Бидете внимателни бидејќи станува збор за злоупотреба.
Не споделувајте ја анкетата, не коментирајте и никако не ги споделувајте вашите лични податоци!