
Новости
Соопштенија
Внимание - актуелна е измамничка e-mail кампања насочена кон правни лица
20. 3. 2025
Внимание - актуелна е измамничка e-mail кампања насочена кон правни лица
Почитувани,
Деновиве повторно е актуелна измамничка кампања преку испраќање лажни e-mail пораки со малициозни прилози, во кои испраќачот се претставува од името на Стопанска банка за лажен тендер / повик за понуда.
За жал, со развојот на технологијата, покрај позитивните промени се појавуваат и вакви криминални активности, па потребно е да се реагира будно, трезвено и многу внимателно.
Самата порака поседува голем број на елементи кои укажуваат на тоа дека се работи за измамничка:
- голем број на граматички грешки,
- испратена е од е-mail адреса што не е од Стопанска банка,
- пораката во себе содржи малициозен додаток со чудно и нестандардно име,
Би сакале да ве информираме дека:
- порака сама по себе не е малициозна и ако сте ја добиле во вашето e-mail сандаче вашиот уред не е во опасност,
- ако сте направиле reply на пораката, вашиот уред не е во опасност
- во случај прилогот да сте го симнале локално, вашиот уред не е во опасност, се додека истиот не биде отпакуван / деархивиран,
- во случај да сте извршиле деархивирање и активација на додатокот, препорачуваме веднаш да извршите Комплетно скенирање на Вашиот уред со било кое анти-вирусно решение,
- Ваков вид e-mail пораки потребно е веднаш да ги бришете.
Стопанска банка како одговорна Банка навремено презема активности за спречување на сите злонамерни кампањи насочени кон Банката или нејзините клиенти, и соодветно презема активности за навремено информирање и подигнување на свеста за сите нови напади и закани.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна