header image

Успешно реализирано и 8мото издание на Вози право, вози здраво

3. 6. 2024

 

Ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ обедини над 8.000 учесници кои возеа за здрави животни навики

 

Повеќе од 8.000 луѓе од сите возрасти вчера возеа низ „ослободените“ улици од возила во центарот на Скопје и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики, како дел од настанот „Вози право, вози здраво“ кој Стопанска банка го организира по осми пат. Во годината кога Банката прославува 80 години од постоењето, осмото издание на традиционалната ревијална трка повторно на едно место ги собра сите љубители на еколошкиот превоз на тркала, како урбана форма на транспорт која е економична, безбедна и не ја загадува животната средина.


Почетокот на ревијалната трка беше кај Порта Македонија, каде што неколку илјади насмеани лица нестрпливо чекаа да биде означен стартот и да возат по улиците кои само за нив беа ослободени од возила. Возејќи симболично низ центарот на градот, со маичките обезбедени од организаторот, учесниците во долга колона, го постигнаа ефектот на видливост и стигнаа до Градскиот парк за да бидат дел од големата забава организирана во нивна чест. Таму прво се освежија со „Горска“, сладоледи „Фриком“ и грицки од „Витаминка“, па ѝ се препуштија на неколкучасовната забава што ја водеа шармантните водители Марко Марк, Дени Џидрова Александар Матовски - Цако. Следеше богата музичка програма со ОХО и омилените јунаци од „Пет+ фамилија“ и диџеј Иван, како и повеќе спортски и забавни содржини организирани од Крафт продукција. Посетителите уживаа и во уметничко катче на графити уметникот Dreadpen кој во соработка со посетителите изработуваше креативно платно кое Банката ќе го постави во своите работни простории.


Во рамки на лотаријата во живо, еден од најсреќните учесници на “Вози право, вози здраво“ доби ваучер од 12.000 денари што го обезбеди пријателот на настанот Град Скопје, а забавата кулминираше со извлекувањето на лотаријата со 80 вредни подароци по повод јубилејната година на Банката. Извлечени беа добитници на Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај овие подароци, Стопанска банка додели уште над 200 утешни подароци како подароци: шишиња за вода, торби за велосипеди и маички.

Традиционално, Стопанска банка ќе го заокружи и ова издание на „Вози право, вози здраво“ со донација за комплетирање на изградбата на СТБ детскиот велодром во паркот Сарај, како продолжение на сите досегашни активности поврзани со промоција на алтернативниот начин на превоз. Во изминатите години, Банката донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон, ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack и донираше опрема за модерни паркинзи за велосипеди за 15 средни училишта во Скопје.

Активностите на Банката поврзани со поддршка и промоција на еколошкиот превоз и здравите животни навики не се поврзани само со настанот „Вози право, вози здраво“, туку траат преку целата година со системски планирани активности со кои се унапредуваат условите за велосипедистите во урбаните средини.

Фотографии и видео од настанот се достапни на Facebook профилот на Банката.

Стопанска банка АД - Скопје
80 години, на ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.