header image

Успех на Вози право, вози здраво vol. 4

05.06.2018

 

Успешна реализација на четвртото „Вози право, вози здраво“

 

Со над 5.400 регистрирани учесници во прекрасно сончево време помина четвртото издание на веќе добро познатата ревијална трка #ВозиПравоВозиЗдраво со која, бар на кратко, улиците беа ослободени од моторизирани возила и граѓаните слободно се движеа и забавуваа.

Возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не загадува туку помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата на животната средина а притоа е и многу забавно и здраво.

 

И оваа година, со секој извозен метар, Стопанска банка АД – Скопје ќе донира средства за нова урбана опрема за Град Скопје за поттикнување на користење велосипеди како транспортни средства. Многу наскоро ќе го дополниме со содржни нашиот СТБ Детски Велодром и ќе се подготви терен, заедно со Град Скопје за изградба на нов урбан Велодром со повеќе предизвици и содржини.

 

„Вози право, вози здраво“ vol. 4 во својата пролетна шема понуди многу интеракција, забава и содржини на целта во Градскиот парк за сите гости и учесници. Ревијалната трка почна во 11 часот од Порта Македонија а на целта во Градски парк, на централната и помошните бини поставени беа повеќе позиции кои на посетителите им понудија бројни забавни содржини, игри, подароци, предизвици и вредна лотарија. Банката и соработниците обезбедија и освежување за учесниците а секако, за сите учесници беа обезбедени и репрезентативни материјали. Како и досега, извлечени беа добитници од вредната лотарија: Specialized Велосипеди, 5х GoPro камери, FitBit алки, 5х MICRO тротинети и друга спортска опрема.

 

Стопанска банка АД - Скопје преку своите алтернативни канали, иновативни услуги и производи, директно влијае врз заштитата на животната средина, меѓутоа ја користи и својата распространетост и релевантност да застапува една значајна тема како што се овие алтернативи на транспорт во густо населените урбани средини кои не загадуваат а воедно и помагаат за здравиот живот на корисниците.

Во тој контекст, пред сите филијали на Банката се поставени паркинзи за велосипеди, нашите вработените се почесто ги користат велосипедите како начин за пристигнување на работа, граѓаните на Град Скопје веќе втора година активно го користат СТБ Детскиот велодром, имаат на располагање 5 модерни станици за поправка на велосипеди и поставени се 105 паркинг позиции на локации договорени со активистите кои се борат Скопје да прерасне во велосипедски град а во подготовка се и новите активности.

 

Фотографии од настанот се достапни на Facebook профилот на Стопанска банка а наскоро ќе биде објавено и видеото.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.