header image

Уште едно „Вози право, вози здраво“ успешно реализирано

6. 6. 2022

 

Уште едно „Вози право, вози здраво“ успешно реализирано

 

По шести пат привремено го ослободивме центарот на Скопје од густиот сообраќај и масовно се движевме на велосипеди, тротинети, ролерки, скироли и со бебешки колички. Граѓани од сите возрасти се приклучија во ревијалната трка и покажаа дека градот Скопје има желба и има можност да биде помирен, почист и поздрав!

Кампањата „Вози право, вози здраво“ секоја година кулминира со настанот ревијална трка и забава во градскиот парк, но продолжува во текот на целата година да ги промовира предностите на велосипедот како форма на урбан транспорт не само индивидуално туку и за целото окружување.

Стопанска банка АД - Скопје повторно успешно го реализираше настанот на кој зедоа учество рекорден број на граѓани. По завршување на трката, во паркот продолживме со забава и награди до 20 часот.

Банката сака да изрази благодарност за сите учесници, за сите посетители, за компаниите партнери на настанот - Горска вода, Витаминка Прилеп, Пивара Скопје, Фриком и Никоб обезбедување и посебна благодарност за Град Скопје кои покрај поддршката во организација на настанот оваа година доделија и награда како дел од лотаријата - вредносен ваучер. Наскоро со администрацијата на Градот ќе ја објавиме и донацијата на урбана опрема во промоција на велосипедизмот и за оваа година.

Секако, лицата на настанот и оваа година беа водителите Марко Марк и Цеце Тодосовска а придружени беа и од Александар Матовски - Цако кој ја презеде улогата и на водител и на DJ. Сцената ја развеселија бендот ConTruDJ, Крафт продукција со паркур и хип хоп настапите како и DJ Иван.

Информации за добитниците од лотаријата, фотографии и видео од настанот се достапни на нашата веб страница.

Продолжуваме да возиме право и да возиме здраво!

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.