header image

Учество на вработените во „Денови на борба против гладта“

18. 11. 2021

 

Вработените во Стопанска банка – АД Скопје традиционално се вклучуваат во кампањата за борба против гладта

Во склоп на одбележување на Кампањата за “Денови на борба против гладта“, вработените од Стопанска банка – АД Скопје и оваа година реализираа собирна акција за финансиски средства во Централната зграда на Банката, но и преку i-bank дигиталните канали со што им беше дадена можност на сите колеги да придонесат во собирната акција. 

Со собраните доброволни прилози, волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Центар подготвија 22 пакети со прехрамбени продукти. Пакетите беа дистрибуирани од страна на стручната служба на Општинска организација Центар и претставник од Стопанска банка на ден 18. 11. 2021 година на 22 згрижувачки семејства од регистарот на Центарот за социјална работа на град Скопје.

   
Изразуваме голема благодарност до вработените за хуманоста која традиционално ја покажуваат преку ваквите акции, но и на Црвениот крст за незапирливата борба за подобар живот на нашите сограѓани.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.