Стопанска банка со поддршка за „Инвеститорски ден“ 13. 9. 2022 година
13. 9. 2022
Стопанска банка со поддршка за „Инвеститорски ден“ 13. 9. 2022 година
Почитувани,
Стопанска банка и оваа година обезбедува безрезервна поддршка и за „Инвеститорскиот ден“ во организација на Македонска берза АД – Скопје во насока на поттикнување на домашните индивидуални инвеститори за поголема активност на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура на пазарот.
Поддршката на „Инвеститорскиот ден“ Банката им овозможува на домашните физички лица да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци на 13. 9. 2022 година. Притоа, потребно е да бидат исполнети следните услови:
• Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот,
• Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;
• Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.
Повеќе информации околу „Инвеститорски ден“ клиентите може да најдат на веб страницата на Македонска берза АД – Скопје.
Стопанска банка АД – Скопје
#НаВашаСтрана