Стопанска банка обезбеди 3.000.000 денари финансиска помош за Турција и Сирија
15.02.2023
Стопанска банка обезбеди 3.000.000 денари финансиска помош за Турција и Сирија
Почитувани,
Стопанска банка АД – Скопје обезбеди 3.000.000 денари финансиска помош за поддршка на граѓаните во Турција и Сирија, погодени од неодамнешниот разорен земјотрес.
Финансиската помош е хуманитарен чин на солидарност и ќе им биде доделена на луѓето кои се соочуваат со страшните последици од земјотресот во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија, како надополнување на огромниот одзив на нашите граѓани и компании.
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна