header image

Стопанска банка го зајакнува својот лидерски тим со нова позиција - трансформација и стратегија

12. 2. 2025

 

Стопанска банка го зајакнува својот лидерски тим со нова позиција во Управниот одбор за трансформација и стратегија

 

Стопанска банка со задоволство го објавува именувањето на г-a Евангелија Калуптси како член на Управниот одбор - Генерален директор за стратегија и трансформација (ГДСТ). Станува збор за новоформирана позиција во Управниот одбор, кој, како што е најавено, годинава ќе се проширува со неколку нови улоги, согласно долгорочната стратегија на Банката.

Позицијата ГДСТ ќе ја надополни посветеноста на Стопанска банка да ја задржи својата лидерска позиција на пазарот, стремејќи се да биде Банка од избор за клиентите, обезбедувајќи долгорочна одржливост преку модернизација, автоматизација, зајакнување на работната сила, како и преку дигитална трансформација во секој аспект од работењето. Со овој пристап ја позиционираме трансформацијата како континуирано патување за подобрување на одржливоста, поттикнување на иновациите, оптимизирање на процесите, подобрување на искуствата на клиентите и дополнително зајакнување на нашата позиција како финансиски партнер од доверба.

Управниот одбор со тоа во моментов го сочинуваат:

  • Генерален извршен директор - Диомидис Николетопулос
  • Генерален директор за банкарство на мало - Милица Чапаровска - Јовановска
  • Генерален директор за управување со ризици - Бојан Стојаноски
  • Генерален директор за стратегија и трансформација - Евангелија Калуптси

со тоа што позициите Генерален директор за оперативно работење, Генерален финансиски директор и Генерален директор за корпоративно банкарство се планираат да бидат воведени наскоро.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.