header image

Стопанска банка АД – Скопје со 25% пораст на добивката пред оданочување

1. 2. 2022

 

Стопанска банка АД – Скопје со 25% пораст на добивката пред оданочување

 

Стопанска банка АД – Скопје ја заврши 2021 година со добивка пред оданочување од 2.728.833 илјади денари, со што, зад себе остава уште една успешна година и резултати со кои докажува дека е водечка финансиска институција во земјата.

Ваквиот резултат претставува континуитет на повеќегодишното успешно работење на Банката кое се заснова на нејзините здрави деловни фундаменти поткрепени со применетиот успешен бизнис-модел, силната капитална позиција, прудентното управување со ризиците и применетите принципи на добро корпоративно управување.

Финансискиот резултат е остварен во услови на органски раст на активата на Банката, како и преземени активности и мерки за раст на бизнис-активностите во согласност со нејзината  деловна политика. 

Во услови на пандемија која продолжува и понатаму, раководството на Банката и сите нејзини вработени се активно вклучени во обезбедување услови за непречено функционирање на целата инфраструктура, како и за поддршка на потребите на сите клиенти,  на економијата и општеството во целина. Главен фокус е ставен на подобрување на дигиталната инфраструктура, која во дадените услови претставува неопходност, а истовремено е и пат кон иднината. Банката продолжува активно да го следи развојот на кризата и да ги презема сите неопходни мерки и активности.

 

Очекувања за 2022 година

Стопанска банка АД – Скопје за 2022 подготвува повеќе значајни проекти кои ќе бидат од корист за клиентите и ќе овозможат продлабочена соработка. Како Банка со најдолга традиција, Стопанска банка и во 2022 година ќе биде столб на економијата. Во таа насока, најголем дел од развојните цели се насочени кон проекти кои придонесуваат отворање на нови работни места, зголемување на извозот, подобрување на производните капацитети и други инфраструктурни проекти од значење за целата економија.Истовремено, за своите клиенти во сегментот население Банката продолжува со понудана современи производи и решенија кои им овозможуваат оптимално искористување на семејните буџети и рационално и самостојно управување со финансиите.

Продолжуваме со развој на дигитални решенија кои на клиентите ќе им овозможат поголема слобода да изберат кога и како ќе имаат интеракции со Банката, каналите за комуникација се повеќе се индивидуализираат и овозможуваат подиректна и поотворена комуникација која резултира со персонализирани решенија и поголемо задоволство од соработката.

Во согласност со светските трендови продолжува и проширување на понудата на Банката со производи во сегментот на банкосигурувањето и пензисиските услуги на задоволство на нашите клиенти.

Оваа година ќе биде посветена и на развојот на човечкиот потенцијал, односно на нашите вработени, кои посебно во филијалите беа најмногу засегнати од промените наметнати од ковид пандемијата. Продолжуваме да создаваме работни услови прилагодени на промените и можности за надградба, напредување  и  себереализација на секој поединец – дел од тимот на Стопанска банка АД - Скопје.

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.