header image

Стопанска банка АД - Скопје прогласена за најдобра банка според EUROMONEY

15. 7. 2022

Стопанска банка АД - Скопје прогласена за најдобра банка според EUROMONEY

 

Стопанска банка АД - Скопје е прогласена за најдобра банка во земјава на престижните награди Euromoney Awards for Excellence, 2022. Прогласување на најдобрите банки се одржа на гала вечера во Лондoн каде што на претставниците на Стопанска банка им беше врачено признанието кое е едно од најзначајните во светската банкарска индустрија.
Наградата секоја година ја доделува реномираниот британски магазин „Еуромани“ кој ја оценува работата на банките и финансиските институции во светот според различни критериуми, како што се остварените резултати во работењето, позицијата на пазарот, иновациите и воведените нови услуги, системот на управување и односот на вработените. Стопанска банка е добитник на наградата за најдобра банка според прикажаните врвни резултати во секоја област на работењето за оценуваниот период од април 2021 година до март 2022.  


Според „Еурoмани“, Стопанска банка постигнала најдобри финансиски резултати во силната конкуренција на домашниот банкарски сектор. И покрај континуираните инвестиции на банката во дигиталното банкарство, таа успева да ги ограничи трошоците и да постигне балансиран раст. Во своето образложение, „Еуромани“ истакнува дека со Диомидис Николетопулос како генерален извршен директор, Стопанска банка акумулирала доволно капитал и ликвидност и може да се пофали со највисок пазарен удел во кредитирањето, особено следејќи го интензивниот пораст во корпоративниот сегмент изминатите години.
Свечената статуетка за најдобра банка во име на Стопанска банка ја примија Илиас Пападопулос, Сениор директор за управување со кредитен ризик и Дејан Крстевски, Директор на секторот за мали компании, кои беа дел од свечениот настан во Лондон.

Од Лондон
- Тоа што Стопанска банка е годинашен добитник на престижната награда Euromoney Awards for Excellence претставува потврда за нашата континуирана работа, надградба и посветеност кон нашите клиенти, нашите вработени и кон заедницата, дури и во услови на предизвиците кои ги донесе пандемијата. Исклучително сме горди на целиот наш тим кој со своето посветено залагање континуирано придонесува за позитивните резултати на Банката, но и бескрајно сме им благодарни на нашите клиенти за долгогодишната доверба.
Покрај тоа што ни претставува гордост, оваа награда за нас е и заложба да продолжиме заедно кон уште поголеми успеси – вели Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД - Скопје.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

   

За Euromoney:
Euromoney Awards for Excellence се воведени во 1992 година и се првите вакви награди во банкарската индустрија. Наградата се доделува на банки од целиот свет кои во изминатата година прикажале исклучителни резултати во работењето во секој сегмент. Оваа година во конкуренција за наградата беа банки од 100 земји во светот, а за најдобра банка во целиот свет беше прогласена Банката на Америка (Bank of America), втората најголема банка во САД.

Фотографии од настан

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.