Сонуваме. Менуваме. vol. 3
04.12.2018
Трето издание на „СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ.“ општествено одговорен проект на Стопанска банка АД - Скопје
“Заедно сонуваме и менуваме, за подобар свет, за сите„
Стопанска банка АД – Скопје со задоволство го најавува третото издание на „Сонуваме.Менуваме“, настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас. По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75 годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ ќе биде уште поголемо доживување кое ќе се памети.
На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија ќе приредат едночасовно шоу во кое вклучени ќе бидат повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваат програмата и рамноправно со актерската екипа гласно и недвосмислено ја промовираат инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите ни се децата кои целосно веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, се надеваме дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и ќе создадеме општество какво што сонуваме да имаме.
Петте концерти “Сонуваме.Менуваме“ ќе се одржуваат во МОБ со овој распоред:
- Сабота 15.12 од 11, 14 и од 17 часот
- Недела 16.12 oд 11 и од 14 часот
Директно вклучени во изведбите ќе бидат и нашите пријатели:
- Танчерите од Dancers United
- Здружението на деца со Церебрална парализа, Велес
- Ема Ананиевска, пијанист
- Децата од Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, вид и говор, Кочо Рацин од Битола
- Александар Матевски - Цако
- Илина Георгиева
- Филип, Стефан, Кристијан, Марија и Мики
Ве информираме дека поради хуманитарниот карактер на настанот, билетите ќе бидат пуштени во продажба од 10.12. на билетарницата на МОБ по симболична цена од 100 денари и овие средства ќе го надоградат фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди и оваа година за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.
Дознајте ги проектите кои досега беа реализирани во рамки на #СонувамеМенуваме и со кои посебно се гордееме. Во тек е аплицирањето и за новите грантови од третото издание на Сонуваме Менуваме:
- Набавка на смарт табла за Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола
- Часови со логопед и дефектолог за членовите на Трисомија 21, во период од 2 години
- Набавка на лента за трчање, модерен кабинет за кинези-терапија во Центарот Мајка Тереза, Гевгелија
- Видео и аудио опрема за ООУ Кузман Јосифовски - Питу, Скопје - посебна паралелка за деца со оштетен слух
- Опрема за сензорна соба, Дневен центар, Тетово
- Опрема за сензорна соба и смарт табла, Дневен центар “Ѕуница“, Прилеп
- Набавка на 3D печатар, “ВИДИ МЕ“ - Здружение на граѓани со оштетен вид
- Графичка преса и печатар во боја, Дневен центар за лица со ментална или телесна попреченост Виница
- Набавка на смарт ТВ за новиот дневен центар на лица со Даунов синдром во Скопје, преку проект на Енигма
- Набавка на канцелариска и IT опрема за Марко Поло Експлорер, Битола
- Набавка на неурофидбек апарат за Ластовица, Скопје
- Набавка на дигитален логопедски сет Behringer, ООУ Кузман Јосифовски - Питу, Скопје - посебна паралелка за деца со оштетен слух
- Компјутерска опрема за кабинет по англиски јазик, Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје
- Изработка на рампа за пристап со инвалидска количка за Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола
- Набавка на елеватор за развој на културно-хигиенски навики и тоалет тренинг, Дневен центар за лица со церебрална парализа – Скопје
- Набавка на опрема за сензорна соба, Ластовица, Скопје
- Набавка на брајова машина, “ВИДИ МЕ“ - Здружение на граѓани со оштетен вид
- Организирање на услови за работа на деца со посебни потреби на свој мајчин јазик (македонски, албански, турски), НВО Имаго плус
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна