Резултати од првото извлекување од Mastercard наградната игра
18. 8. 2023
Резултати од првото извлекување од Mastercard наградната игра
Во согласност со правилата на наградната игра, на 15.08 во просториите на Банката во присуство на Нотар беа извлечени среќните добитници од првото коло.
Добитниците се објавени во дневниот весник „Вечер“ со денешен датум и притоа се користени само иницијали, населено место и ID број доделен од Банката кој е уникатен за секој клиент. ID бројот клиентите го имаат во сите договори за соработка со Банката и на дигиталните канали.
Преку нашиот Контакт центар добитниците ќе бидат контактирани телефонски за подигнување на наградите.
Не радува фактот што наградната игра привлече голем интерес кај корисниците на Mastercard дебитните и кредитните картички од Стопанска банка затоа што само за месец јули квалификувани беа над 1.500.000 трансакции.
Потсетуваме дека се што треба да направите за учество во следните извлекувања и за главната награда TESLA model 3 автомобил е да ги користите за плаќање вашите Mastercard дебитни и кредитни картички а притоа:
- плаќање во трговија носи 1 право на учество
- плаќање на рати во трговија носи 2 права на учество
- плаќање преку интернет (e-commerce) носи 3 права на учество и
- плаќање со Google Pay носи 5 права на учество
Второто извлекување од наградната игра е на 15.09 кога повторно ќе извлечеме добитници на 1х50.000мкд, 1х100.000мкд и 3хGarmin паметни часовници.
На последното, четврто извлекување ќе го прогласиме и добитникот на главната награда.
Правилата за наградната игра се достапни на нашата веб страница.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна