header image

Резултати на Стопанска банка АД Скопје за третиот квартал од 2023 година

 

 

27.10.2023

 

Резултати на Стопанска банка АД Скопје за третиот квартал од 2023 година

 

Стопанска Банка АД Скопје ги презентираше резултатите заклучно со септември, 2023 г., и уште еднаш ги потврди одличните перформанси кои резултираат со силната профитабилност, солидниот пораст на билансите, високиот квалитет на активата, стабилната ликвидност и повеќе од потребната висока капитална позиција.

Оперативната добивка изнесува 4,8 милијарди денари, повисоки за 29% во однос на истиот период од минатата година, додека приходите пред резервации и оданочување изнесуваат 3,7милијарди денари, исто така повисоки за 26% споредбено со истиот период од минатата година.

Оперативните трошоци забележаа пораст од 12% како резултат на порастот на цените, но рациото трошоци-во однос на приходи забележа пад од 33% на 30%, како резултат на дисциплинираното управување со трошоците.

Банката го зголеми износот на резервации за кредитните со алоцирање на 940 илјади денари, повеќе за 313 илјади денари споредено со минатата година, со цел да се обезбеди и повеќе од потребно покривање на сите групи на ризик на кредитна изложеност.

Како резултат на наведеното, нето-приходите достигнаа 2,5 милијарди денари, повисоки за 20% во однос на третиот квартал од 2022 година.

Истовремено, Стопанска банка ги зголеми деловните активности и ја подобри каматната маргина, ја зголеми понудата на банкарски производи и услуги, уште повеќе го подобри квалитетот на  билансот на состојба и со тоа го одржа и одржува во континуитет значајното пазарно учество. Кредитното портфолио забележа пораст од 4% или 89,7 милијарди денари, поддржано од силната депозитна основа која достигна 95,9 милијарди денари.

Портфолиото на хартии од вредност забележа пораст од 12% и достигна 11,660 илјади денари, кое заедно со останатата ликвидна актива обезбедува комфорно покривање на ликвидносните потреби и истовремено обезбедува раст на бизнисот.

Силната профитабилност е извор на органски, здрав капитал и со стапката на адекватност од повеќе од 17%, Банката продолжува да биде стабилна, силна и отпорна на сите предизвици, посветена на обезбедување на поддршка на своите клиенти низ повеќе канали на комуникација, фокусирана на здрав раст на профитабилноста и постојано подобрување на оперативната ефикасност.

 

Стопанска банка АД - Скопје

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња“ кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња“ давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата“. За други опции, одете во „Поставки за колачиња“. Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство.