Промотивна понуда за станбени кредити до крајот на годината
12. 10. 2021
Промотивна понуда за станбени кредити до крајот на годината
Повторно оваа есен, станбените кредити од Стопанска банка АД - Скопје вклучуваат понуда за намалени трошоци поврзани со процесот на аплицирање и одобрување што е значително олеснување за корисниците на кредит.
Со 100% покриени нотарски, административни и трошоци за процена како и со избор на кредит со 10 години гарантирана каматна стапка клиентите заштедуваат и до 700евра, средства кои може да ги употребат за уредување на својот нов дом.
Станбениот кредит е со рок на отплата до 30 години и со можност како обезбедување да се понуди имотот кој се купува. Дополнително, кредитот е без жиранти, без административна забрана или меница а може да се користи и за рефинансирање на постојни станбени кредити од други банки.
Наша препорака е да посетите една од филијалите и низ опуштен разговор со нашите продажни агенти да добиете совет и пример пресметка за станбен кредит по што ќе можете да донесете финална одлука и да пристапите кон остварување на сонот за нов дом!
Повеќе информации за промотивната понуда, карактеристиките на кредитот, ценовните услови, потребната документација како и основен калкулатор за пример пресметки можете да најдете на нашата веб страница.
Доколку веќе сте ја донеле одлуката, можете да аплицирате 24/7 и online на www.alokredit.mk по што ќе добиете повик од нашиот контакт центар за комплетирање на апликацијата.
Рокот на важност на понудата е до 31. 12. 2021 година.
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна