Промена на статус на сметки
24. 11. 2023
Соопштение за јавност: Промена на статус на сметки
Стопанска банка АД – Скопје врши јавно известување на потрошувачите, кои се корисници на платежни услуги, за можноста за промена на статусот на нивните платежни и депозитни сметки во неактивни сметки.
- Потрошувачите може да извршат проверка на сметките кои може да добијат статус на неактивни сметки преку алатката за пребарување сметки објавена на веб-страницата на 24. 11. 2023 година со внес на еден од следните параметри: ЕМБГ, ID број во банката, број на сметка, број на орочен депозит. Алатката за пребарување на сметките ќе биде активна во период од 1 месец од објавувањето, заклучно со 24. 12. 2023 година.
- Доколку потрошувачите или лицата што се овластени за работење со сметките или нивните законски застапници, во рок од еден месец, сметано од објавата на известувањето од точка 1 од ова соопштение, не извршат приливна или одливна платежна трансакција или остварат документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација во врска со сметките, сметките ќе го променат својот статус и ќе бидат евидентирани како неактивни.
- Промената на статусот на сметката нема да ја намали состојбата и нема да го оневозможи пристапот до средствата.
- Доколку состојбата на паричните средства на платежната сметка во моментот на настанувањето на неактивниот статус е еднаква на нула, под услов платежната сметка да не е блокирана, ќе биде затворена.
- Стопанска банка АД – Скопје, по истек на рокот од точка 2 од ова соопштение и доколку сметките, во меѓувреме, не се активирале согласно наведеното во точка 2 од ова соопштение, еднострано ќе ги раскине рамковните договори со потрошувачите доколку во непрекинат период од 24 месеци сите нивни платежни сметки се со состојба 0.
- Стопанска банка АД – Скопје, по истекот на рокот од 2 месеца од објавата на ова соопштение и доколку сметките, во меѓувреме, не се активирале согласно наведеното во точка 2 од ова соопштение, еднострано ќе ги раскине рамковните договори со потрошувачите кои имаат платежни сметки кои во моментот на настанување на статусот на неактивна сметка имаат состојба 0 и платежни сметки кои во непрекинат период од 24 месеци се со состојба 0.
Стопанска банка АД - Скопје
*Согласно Законот за платежни услуги и платни системи (Службен весник на Република Северна Македонија- бр.90/2022), неактивна сметка е:
1) платежна сметка на потрошувач кај давател на платежни услуги на која непрекинато во период од најмалку 24 месеци не се извршени одливни платежни трансакции авторизирани од потрошувачот или приливни платежни трансакции, со исклучок на пресметката и плаќање/наплата на камата, и/или било кои други платежни трансакции коишто се извршени во корист на давателот на платежни услуги или во врска со која давателот на платежни услуги немал со потрошувачот или лицата што се овластени за работење со платежната сметка или неговиот законски застапник документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација, или
2) депозитна сметка во врска со која давателот на платежните услуги немал со потрошувачот или лицата што се овластени за работење со сметката или неговиот законски застапник документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација, во непрекинат период од најмалку 10 (десет) години;