header image

Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2023

31. 10. 2023

 

Прогласени најдобрите банкарски службеници за 2023

 

Денес се одбележува меѓународниот „Ден на штедење“ па соодветно, нашите филијали беа организирано посетени од групи ученици и деца од локалните градинки во насока на рана дискусија за вредноста на штедењето како здрава навика која треба да се негува во текот на целиот живот. Им благодариме на сите колеги кои учествуваа во организацијата на посетите но и на децата за нивната љубопитност и интересни прашања.

Дополнително во текот на денот, следејќи ја веќе воспоставената традиција Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) организираше свечен настан на кој беа прогласени најдобрите банкарски службеници за годината од сите членки на Асоцијацијата.

Ги истакнуваме нашите колеги кои ја носат титулата „Најдобри банкарски службеници“ за 2023 година:

- Душко Ристовски, Советник за мали бизниси, Филијала Тетово
- Емилија Кебакоски, Советник за продажба, Филијала Битола Веро и
- Елена Головодоска, Советник за СБ Ексклузив клиенти, Филијала ГТЦ

Би сакале да им честитаме на колегите и веруваме дека ова е големо признание за нивниот професионален напредок и ќе биде поттик за понатамошни успеси и остварувања. Продолжуваме да бидеме тим кој создава успешни банкарски професионалци, исполнети индивидуи и благодарение на сето тоа одличен колектив.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна

Пребарај

Најчести прашања

Доколку ви е потребен банкомат посетете го делот Локации на нашата веб страна, каде што може да го најдете најблискиот банкомат до вас.

За аплицирање за некој од нашите кредитни производи посетете го делот Кредити, каде што ќе може да аплицирате online или пак да аплицирате телефонски на бројот 15 110.

За увид на сметка online мора да имате корисничко име и лозинка за кои е потребно да се обратите во најблиската филијала. Преку e-banking и m-banking сервисите имате достапност од 24/7 online увид и плаќања преку вашите сметки.

За аплицирање за некоја од нашите кредитни картички, онлајн, може да го користите следниов линк Картички, доколку пак сакате индивидуални пресметки и телефонски да аплицирате може да се обратите на телефонот 15 110 - Ало Кредит.

 

24 часа КОНТАКТ ЦЕНТАР

За дополнителни информации обратете се на

Веб-страницата на Стопанска банка АД - Скопје користи „колачиња" кои собираат податоци за корисниците. Овие податоци помагаат на Банката да обезбеди подобро корисничко искуство, како и подобра функционалност на услугите и веб-страницата. Со одбирање на опцијата „Ги прифаќам сите колачиња" давате согласност за начинот на кој ги користиме „колачињата". За други опции, одете во „Поставки за колачиња". Дополнително, користењето на веб-страницата на СБ не е условена од прифаќањето на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани за вашето лично корисничко искуство. За повеќе информации, посетете ја нашата Политика за колачиња.